Линкови за пристапност

Бајден на Денот на сеќавањето: „Денес сме слободни, затоа што тие беа храбри“


Претседателот го започна својот говор со сеќавање на „саканите ќерки и синови, кои се осмелија, ризикуваа сè и дадоа сè за да ја зачуваат и одбранат идејата…идејата за САД, денес како нација“.
Претседателот го започна својот говор со сеќавање на „саканите ќерки и синови, кои се осмелија, ризикуваа сè и дадоа сè за да ја зачуваат и одбранат идејата…идејата за САД, денес како нација“.

Претседателот Бајден ја предводеше церемонијата на Денот на сеќавањето во чест на загинатите американски војници на националните гробишта Арлингтон, повикувајќи ги Американците да се сеќаваат на жртвата на оние кои ги дале своите животи.

Претседателот го започна својот говор со сеќавање на „саканите ќерки и синови, кои се осмелија, ризикуваа сè и дадоа сè за да ја зачуваат и одбранат идејата…идејата за САД, денес како нација“.

„Ако заборавиме што жртвуваа, што направија за нашата нација да издржи и да биде - силна, слободна, обединета, тогаш забораваме, кои сме ние“, рече Бајден. „За толку многу од вас - како и со Џил и мене - болката е обвиткана околу сознанието дека вашите сакани се дел од нешто поголемо, поголемо од било кој од нас“, додаде претседателот, навраќајќи се на својот покоен син Бо.

„Тие избраа живот со цел. Тоа звучи непријатно како говор за Денот на сеќавањето, но мислам од дното на моето срце тие избраа живот со цел и мисија. Пред се, веруваа во службата. Тие веруваа во чест. Тие веруваа во својата земја. Денес сме слободни, затоа што тие беа храбри. Живееме од светлината, пламенот на слободата што тие го одржуваа“ порача првиот човек на САД.

На претседателот му се придружија првата дама Џил Бајден, потпретседателката Камала Харис, вториот господин Даг Емхоф, секретарот за одбрана Лојд Остин и претседателот на Здружениот Генералштаб, генералот Марк Мили на церемонијата на положување венци на Гробот на незнајниот војник во Арлингтон, Вирџинија.

XS
SM
MD
LG