Линкови за пристапност

Србија ги игнорира санкциите од ЕУ, осигура достава на гас со Путин


Договорот за гас најверојатно ќе биде потпишан за време на посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Белград на почетокот на јуни - ретка посета на висок руски функционер на европска земја од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари.
Договорот за гас најверојатно ќе биде потпишан за време на посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Белград на почетокот на јуни - ретка посета на висок руски функционер на европска земја од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари.

Додека беснее војната во Украина, српскиот претседател објави дека обезбедил „исклучително поволен“ договор за природен гас со Русија за време на телефонскиот разговор во неделата со рускиот претседател Владимир Путин, објави Асошиејтед Прес.

Според АП, српскиот претседател Александар Вучиќ одби експлицитно да ја осуди руската инвазија на Украина, а неговата земја не се приклучи на западните санкции против Москва.

Вучиќ тврди дека сака да ја одведе Србија во Европската унија, но последниве години ги цементира врските со Русија, долгогодишен сојузник, потсетува агенцијата.

Договорот за гас најверојатно ќе биде потпишан за време на посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Белград на почетокот на јуни - ретка посета на висок руски функционер на европска земја од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари. Вучиќ рече дека му рекол на Путин дека посакува „мирот да се воспостави што е можно поскоро“. Србија е речиси целосно зависна од рускиот гас, а нејзините главни енергетски компании се под руска мнозинска сопственост. „Она што можам да ви го кажам е дека се договоривме за главните елементи кои се многу поволни за Србија“, им рече на новинарите Вучиќ, поранешен проруски ултранационалист.

„Се договоривме да потпишеме тригодишен договор, што е првиот елемент од договорот кој многу и одговара на српската страна. Не е јасно како Србија би го добила рускиот гас доколку ЕУ одлучи да го прекине руското снабдување што патува преку нејзините земји-членки.

Русија веќе го прекина извозот на гас за членките на ЕУ Финска, Полска и Бугарија.

ЕУ забрзано ја намалува зависноста од руската енергија од инвазијата ѝ е подготвена да разговара за начините понатаму да го стори тоа и да се слушне од украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на лидерскиот самит што започнува во понеделник.

XS
SM
MD
LG