Линкови за пристапност

Владата на Орбан си одобри мерки со декрет поради војната во Украина


Будимпешта, (Ројтерс) - Владата на Унгарија ќе ги преземе овластувањата за вонредни состојби за да може побрзо да одговори на предизвиците создадени од војната во соседна Украина, изјави денеска премиерот Виктор Орбан во видео објавено на Фејсбук.

Орбан, кој освои четврти последователен мандат на изборите на 3-ти април, го користеше специјалниот правен поредок во минатото, еднаш поради миграциската криза во Европа, а подоцна и за време на пандемијата ковид-19. Новата вонредна состојба на сличен начин ја овластува владата на Орбан да одобри мерки со декрет.

„Светот е на работ на економска криза“, рече Орбан во видеото, повторувајќи дека Унгарија мора да остане надвор од проблемите со војната во Украина и „да ја заштити финансиската сигурност на семејствата“.

Орбан рече дека првите мерки на неговата влада ќе бидат објавени во среда.

Владата на Орбан треба да се справи со последиците од војната во Украина, годишната инфлација од 9,5 отсто и буџетскиот дефицит што се зголеми во првиот квартал. Тој, исто така, треба да избегне значително забавување на економијата.

Орбан, чија националистичка партија Фидес повторно освои двотретинско мнозинство во парламентот на изборите во април, постепено ги зголеми своите овластувања во текот на неговите 12 години на власт, честопати предизвикувајќи критики од Европската унија и групите за права поради, како што велат, ерозија на демократски контроли и рамнотежи.

XS
SM
MD
LG