Линкови за пристапност

Се намалува оптимизмот дека до јуни може да има деблокада на евроинтеграцискиот процес за Северна Македонија


Дополнителен фактор кој ја усложнува ситуацијата во Бугарија во однос на „македонското прашање“ е и позицијата на претседателот Румен Радев кој ја предводи „тврдата линија“.
Дополнителен фактор кој ја усложнува ситуацијата во Бугарија во однос на „македонското прашање“ е и позицијата на претседателот Румен Радев кој ја предводи „тврдата линија“.

Можноста за постигнување договор во наредните седмици станува се помала зборува и последната премиерска средба Ковачевски – Петков во Рим која не донесе напредок.

Според дипломатски извори на „Гласот на Америка“ состанокот на кој покрај премиерите присуствуваа и шефовите на дипломатиите, Османи и Генчовска, не резултирала со какво било поместување во бугарските позиции. Ситуацијата во владината коалиција е премногу комплицирана, пред се поради тврдите ставови на две од четирите партии – „Има таков народ“ и Социјалистичката партија, поради што маневарскиот простор на бугарскиот премиер е многу тесен, велат нашите извори, според кои подготвеноста на Петков за консензус во овој момент не е доволна.

Не разговаравме за нови услови, се работи на оние прашања кои беа отворени од претходно.
Ковачевски, премиер на Северна Македонија

„Не разговаравме за внатрешната политика на Бугарија, тоа е на тамошните партии и институции да разговараат. Не разговаравме за нови услови, се работи на оние прашања кои беа отворени од претходно. За нив веќе постои т.н португалски предлог и во овој момент не можам да кажам дека имало напредок во однос на постигнување на договор за прифатлив документ. Не се разговараше за дополнителни услови.“, изјави Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија.

Дополнителен фактор кој ја усложнува ситуацијата во Бугарија во однос на „македонското прашање“ е и позицијата на претседателот Румен Радев кој ја предводи „тврдата линија“. Секоја проактивност на Петков, Радев ја толкува како потенцијална опасност за бугарските национални позиции. И Скопје и Софија избегнуваат јавно да зборуваат за рокови и не даваат јасна слика како врз процесот на разговори ќе влијае можно ново вето во јуни.

Двете страни не ја исклучуваат ниту можноста од провокации од „разни групи“.

Очекуваме во наредните недели и месеци различни групи кои не сакаат добрососедство меѓу Бугарија и Република Северна Македонија да се обидат да предизвикаат провокации.
Петков, премиер на Бугарија

„Не се обврзавме на никакви рокови, единственото нешто на што се обврзавме е да го задржиме добриот тон, а министерствата за надворешни работи да продолжат да работат. Ветивме дека ќе го задржиме конструктивниот тон. Очекуваме во наредните недели и месеци различни групи кои не сакаат добрососедство меѓу Бугарија и Република Северна Македонија да се обидат да предизвикаат провокации.“, оцени Кирил Петков, премиер на Бугарија.

Отсуството на напредок во дијалогот домашната опозиција го користи како аргумент дека актуелната влада им испорачува само разочарувања на граѓаните.

Прашање: На вчерашната средба Ковачевски и Петков беше без некој резултат, и Ковачевски кажа дека ако нема договор до јуни нема да се промени стратешката определба на земјата за членство во ЕУ. Дали ова значи дека Владата прифаќа дека во јуни ќе имаме уште едно разочарување и нема да имаме датум?

Најголемо разочарување за Република Македонија и за граѓаните е токму оваа Влада на СДСМ. Најголемото разочарување за граѓаните и за државата од оваа Влада е тоа што ги лаже граѓаните, им дава лажна надеж, и најмалку пет пати ги лажеше дека оди да го земе и да го донесе датумот за преговори во Република Македонија.“, истакна Димче Арсовски, ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од социјалдемократите од 2017 наваму покажа дека е подготвена да решава тешки прашања – како она за името преку склучувањето на Преспанскиот договор со што се отвори вратата за прием во НАТО. Дали ќе успеат и напорите за постигнување консензус со Бугарија во скоро време од што пак, виси почетокот на пристапните преговори со ЕУ, сега изгледа дека повеќе зависи од Софија, отколку од Скопје.

XS
SM
MD
LG