Линкови за пристапност

Сенатот ќе гласа за закон за право на абортус


Се очекува легислативата да биде блокирана од републиканците во Сенатот
Се очекува легислативата да биде блокирана од републиканците во Сенатот

Демократите оваа недела ќе глсаат во Сенатот за нацрт-легислатива што би го кодифицирала правото на абортус во федерален закон, по протеченото нацрт-мислење од Врховниот суд што сигнализира крај на значајната одлука од 1973 Роу против Вејд, со која се легализираше абортусот на национално ниво.

Се очекува легислативата да биде блокирана од републиканците во Сенатот.

Во ретко протекување од највисокиот суд во САД, Политико објави дека добил нацрт - мислење на Врховниот суд што покажува дека мнозинството во Судот е за укинување на значајната одлука „Роу против Вејд“ од 1973 година, со која се легализираше абортусот на национално ниво.

Документот, означен како „прв нацрт“ од страна на судијата Семјуел Алито и циркулиран меѓу другите судии во февруари, претставува прекршување на високо тајниот процес на расправа меѓу судиите во кои нивните одлуки не се познати додека не бидат официјално издадени пресудите.

Тие позиции може да се променат во текот на расправата, дури и по изготвувањето на мислењето на мнозинството, а конечната одлука се очекува пред Судот да го заврши актуелниот мандат кон крајот на јуни или почетокот на јули.

Противниците на абортусот велат дека одлуката ја претставува волјата на гласачите.

Многу граѓани протестираат против ваквата одлука пред Врховниот суд и во многу сојузни држави.

XS
SM
MD
LG