Линкови за пристапност

Мари Брнз: Стратешкиот дијалог со САД не е замена за членството во ЕУ


Кејт Мари Брнз: Тоа ќе претставува билатерална соработка, во која ќе се дефинираат областите за кои ќе се разговара
Кејт Мари Брнз: Тоа ќе претставува билатерална соработка, во која ќе се дефинираат областите за кои ќе се разговара

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз, денеска на отворениот ден од вежбата „Брз одговор 22“, одговарајќи на новинарски прашања, укажа дека најавениот стратешки дијалог со САД нема за цел да го замени членството на Северна Македонија во ЕУ.

Северна Македонија ја одработи својата задача во однос на членството во ЕУ и сметам дека процесот треба да продолжи што е можно побрзо
Кејт Мари Брнз

„Северна Македонија ја одработи својата задача во однос на членството во ЕУ и сметам дека процесот треба да продолжи што е можно побрзо. Сакам да истакнам дека стратешкиот дијалог, кој го воспоставивме не претставува замена за членството во ЕУ, туку станува збор за унапредување на односите, кои досега сме ги имале“, рече Брнз.

Стратешкиот дијалог треба да почне во јуни во Вашингтон, при што во фокусот ќе бидат повеќе теми и прашања, како надворешната политика, економија, инвестиции, одбрана, енергетика, култура.

Дијалогот е своевидно продолжение на меѓусебното партнерство што македонските и американските власти го потпишаа пред 14 години.

„Ова е дијалог што ќе се развива. Ова ќе претставува билатерална соработка, во која ќе се дефинираат областите за кои ќе се разговара.. Кажавме дека по зачленувањето на Северна Македонија во НАТО, нашиот однос ќе се промени, затоа што станавме сојузници, седиме на иста маса, имам еден заеднички глас и се разбира нашата соработка еволуираше во таа насока“, рече Брнз.

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека на стратешкиот дијалог со САД се работело повеќе месеци, уште пред новиот владин состав што е под негово водство.

„САД нам ни се стратешки партнери, заедно со земјите од ЕУ. Дијалогот, нема да биде само во делот надворешната политика. Ќе биде и во делот на размената, економијата, инвестициите, во однос на снабдувањето со електрична енергија и други енергенси“, рече Ковачевски.

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пак, потврди дека на 2 јуни заедно со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Вашингтон, каде треба да почне стратешкиот дијалог со САД.

„Станува збор за континуитет на соработката со САД, и во делот со одбраната. Таа посета ќе биде искористена и за средби со претставници од Стејт Департментот“, рече Петровска.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG