Линкови за пристапност

Политиките на Пендаровски се доближуваат до оние на Путин, вели бугарскиот историчар Ташев, по реакциите за центарот „Ванчо Михајлов“


Реакции по отворањето на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:32 0:00

Бугарската јавност возвраќа на реакциите на македонскиот државен врв во земјава откако викендов во Битола се отвори бугарски културен центар „Ванчо Михајлов“

Домашната опозиција ја криткува власта во Софија, а дел од бугарската јавност возвраќа на реакциите на македонскиот државен врв во земјава откако викендов во Битола се отвори бугарски културен центар именуван „Ванчо Михајлов“. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара реакција од Европската Унија.

„Јас после оваа провокација и овие изјави дадени овде во Македонија навистина немам што да додадам, освен со чудење да констатирам дека не знам кој е тој политичар или историчар кој ќе седне на маса заедно со неговите колеги од кај нашиот источен сосед и да продолжи да преговара за постигнување договор барем до јуни. Ако ова е да си најдат некаков изговор зошто повторно да ја блокираат Македонија, тогаш се прилично успешни. Од овде од Илинден, ја повикувам и Европската Унија и официјален Брисел да стават крај на овие фашизоидни и хегемониски намери од страна на нашиот источен сосед да направи притисок и да овозможи Македонија конечно да ги почне преговорите. Овој народ тоа го заслужува бидејќи многу пати во историјата се покажал дека стои рамо до рамо со европските вредности“, рече Мицкоски.

Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села смета дека отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ не помага за подобрување на односите. Села бара и Бугарија да признае постоење на македонско малцинство.

„Во однос на проблемите меѓу Скопје и Софија, мислам дека таквите акти не помагаат за добри односи и деблокада од Бугарија“, рече тој.

Дел од бугарските историчари ги налути реакцијата на претседателот Стево Пендаровски дека „именувањето установи од областа на културата според докажан соработник на фашистичкиот режим од Втората светска војна не ѝ служи на благородната кауза за зближување на народите“.

Според историчарот Спас Ташев, во Македонија се води системска дебугаризација - политиките на Пендаровски, според него, се доближуваат до оние на Владимир Путин.

Отворањето центар именуван по „Ванчо Михајлов“, во присуство на бугарскиот државен врв, го осуди еврејската заедница во земјава.

„Овој чин претставува навреда за Евреите и е закана за човековите слободи и права, кршење на демократскиот карактер и вредностите на модерна Европа. Чин со кој се загрозува мултикултурализмот и класичен пример за непочитување и искривување на историјата“, се вели во реакцијата.

XS
SM
MD
LG