Линкови за пристапност

Продолжува сослушувањето на судијката Џексон во сенатска комисија за нејзино потврдување во Врховниот суд


Судијката Кетанџи Браун Џексон денес се соочува со повеќе сослушувања од членовите на комисијата за правосудство на американскиот Сенат додека законодавците ја разгледуваат нејзината номинација за место во Врховниот суд. Џексон, првата афроамериканка која беше номинирана за место во највисоката судска инстанца на нацијата, се појави на цел ден прашања во вторникот фокусирајќи се на сè, од нејзината севкупна судска филозофија до многу специфични прашања за пресудите што ги донела и брифинзите за новинарите, што ги поднела.

Демократите поминаа голем дел од своето определено време зборувајќи срдечно со Џексон, наместо да поставуваат прашања. Тие наизменично се менуваа со републиканците, кои генерално посилно ја притискаа Џексон на теми кои варираат од истополови бракови до казнување на оние кои се осудени за поседување детска порнографија.

Претседателот на сенатската комисија за правосудство, демократот Дик Дурбин, го започна сослушувањето и искористи голем дел од своето време давајќи и можност на Џексон превентивно да се осврне на некои од контроверзните теми што се очекуваше да ги покренат републиканците.

XS
SM
MD
LG