Линкови за пристапност

Сослушувања во сенатска комисија за правосудство за потврда на судијката Кетанџи Браун Џексон во Врховниот суд


Судијката Кетанџи Браун Џексон денеска ќе се соочи со сослушување од членовите на Комисијата за правосудство на Сенатот на САД
Судијката Кетанџи Браун Џексон денеска ќе се соочи со сослушување од членовите на Комисијата за правосудство на Сенатот на САД

Сенатска комисија почнува со сослушувања за потврда на номинираната судијка Кетанџи Браун Џексон, која би била првата жена - Афроамериканка во Врховниот суд.

Судијката Кетанџи Браун Џексон во вторник ќе се соочи со сослушување од членовите на Комисијата за правосудство на Сенатот на САД, додека законодавците ја разгледуваат нејзината номинација за испразнетото место во Врховниот суд.

Законодавците ќе имаат по 30 минути да ја испрашуваат Џексон, која беше номинирана да го замени пензионираниот судија Стивен Брејер.

Вториот од четирите дена закажани рочишта се очекува да трае од утро до вечер. Како што започна процесот на потврдување во понеделникот, членовите на комисијата навестија дека нивниот однос кон Џексон ќе биде главно по партиски линии, при што демократите ги истакнаа нејзините квалификации, а републиканците покренаа прашања за нејзиното досегашно професионално минато и искажани ставови.

Во моментов, како судијка на Апелациониот суд на САД за Округот Колумбија, Џексон е првата Афроамериканка и само третата Афроамериканка севкупно, која е номинирана за највисокиот Суд на нацијата.

Првиот ден од сослушувањата се состоеше од приближно дваесет членови на комисијата кои ги дадоа воведните изјави, како и самата Џексон. Некои законодавци ги искористија изјавите за да го пофалат Џексон или да дадат широки осврт за нивните чувства за улогата на Врховниот суд во американското општество.

Сенаторот Дик Дурбин
Сенаторот Дик Дурбин

Претседателот на Комитетот за правосудство, Дик Дурбин, демократ, ја искористи својата воведна изјава за да укаже на историската природа на нејзината номинација. „Во своите повеќе од 230 години, Судот имаше 115 судии“, рече тој. „Сто и осум беа бели мажи. Само двајца судии беа обоени мажи. Само пет жени служеа во Судот - и само една жена од малцинство. Ниту една судијка не беше црнка жена. Ти, судија Џексон, може да биде првата“, рече Дурбин.

Демократскиот сенатор Патрик Лихи, член со најдолг стаж во Сенатот, истакна дека учествувал во потврдувањето на 20 други судии од Врховниот суд во неговиот мандат, велејќи: „Кај судијката Џексон, најдов истакнат кандидат со неприкосновено досие што ја заслужува нашата почит, без разлика на партија“.

Сенаторот Чак Грасли, најстариот републиканец во панелот, вети дека ќе „спроведе темелно, исцрпно испитување на досието и ставовите на судијката Џексон“.

Членовите на неговата партија, рече тој, „ќе поставуваат тешки прашања за судската филозофија на Џексон.

Сенаторот Линзи Греам од Јужна Каролина
Сенаторот Линзи Греам од Јужна Каролина

Во секоја номинација за Врховниот суд, најважното нешто што го бараме е ставот на кандидатот за законот, судската филозофија и ставот за улогата на судијата. „Ќе барам да се уверам дали судијката Џексон е посветена на Уставот како што првично беше истакнато“ оцени републиканскиот сенатор Линдзи Греам и најави дека сослушувањата ќе бидат „предизвикувачки“ за Џексон.

Републиканскиот сенатор Џон Корнин рече дека ќе го покрене прашањето за работата на Џексон во одбрана на осомничените за тероризам кои во тоа време беа приведени во американскиот воен Притворен центар во Заливот Гвантанамо, Куба.

Застапувањето на Џексон за обвинетите во Гвантанамо беше дел од нејзината работа како федерален јавен бранител.

XS
SM
MD
LG