(АП) - Законодавната сенатска комисија почнува со сослушувања за потврда на номинираната судијка Кетанџи Браун Џексон, која би била првата црномуреста жена на Врховниот суд.
51-годишната Џексон беше федерална судијка изминативе девет години, а демократите, кои го контролираат Сенатот со минимална разлика, сакаат да ја завршат нејзината потврда до пред Велигден.
Џексон се очекува да даде воведна изјава денес напладне, по што следуваат прашања од по 11 демократи и републиканци во текот на следните два дена.
Нејзиното сведочење ќе им даде на повеќето Американци, како и на Сенатот, увид во нејзината работа, адвокатка обучена на Хардвард, со биографија која вклучува две години како федерален јавен бранител.
Покрај тоа што би била прва црна судијка во Врховниот суд, Џексон би била и трет црн судија воопшто, по Маршал и неговиот наследник, судијата Кларенс Томас.
Сè уште не е јасно како републиканците ќе ја прифатат Џексон, имајќи предвид дека нејзината потврда нема да го смени конзервативното мнозинство на Судот со 6 наспорти 3.
Претседателот на САД Џо Бајден ја избра Џексон во февруари, исполнувајќи го предизборното ветување да номинира црна жена за Врховниот суд, првпат во американската историја.
Таа би го земала местото на судијата Стивен Брајер, кој во јануари најави дека ќе се пензионира по 28 години на оваа функција.