Линкови за пристапност

Mакедонскиот амбасадор во Украина, Крум Ефремов: Загриженост и страв од поголема ескалација


Во Киев и останатите делови на Украина се чувствува загриженост и страв од поголема ескалација на ситуацијата, вели во интервју за Гласот на Америка, македонскиот амбасадор во Украина, Крум Ефремов.

Глас на Америка: Амбасадоре каква е ситуацијата во Украина, сè чувствува ли страв и напнатост?

Крум Ефремов: Во однос на расположението, морам да признам дека се чувствува одредена загриженост и страв кај граѓаните од евентуална можна дополнителна и поголема ескалација на ситуацијата“.

Глас на Америка: Кога велите страв и загриженост, тоа значи дека граѓаните купуваат повеќе артикли во маркетите?

Крум Ефремов: Никој не сака да живее во можноста од нарушување и ескалација на состојбата.

Глас на Америка: Дали дел од дипломатските претставници на странските амбасади ја напуштија Украина?

Крум Ефремов: Неофицијално имам информации, дека некои амбасади се дислоцираат во западните делови на Украина, но најголемиот дел на амбасади, се се’ уште во Киев.

Глас на Америка: Што е со македонската амбасада во Украина? Дали дел од вработените се заминати веќе?

Крум Ефремов: Во македонската амбасада во Украина сите вработени сè на работа. Работиме нормално. Мапирани се нашите граѓани. Апелираме и до другите граѓани, кои евентуално се во Украина, да постапат по нашите соопштенија, кои се на страната на амбасадата и на министерството за надворешни работи и евентуално ако имаат потреба слободно да ни се обратат“.

Глас на Америка: Бидејќи имавте повик граѓаните да ја напуштат што е можно побргу Украина, кои се вашите информации ја напуштаат ли македонските граѓани веќе Украина?

Крум Ефремов: Од стотина наши граѓани кои се во Украина, тринаесет имаат потврдено дека ја имаат напуштено. Напоменувам дека можеби ова не е конечна бројка, бидејќи ова се граѓаните кои се пријавиле кај нас. Апелирам, ако има и некои други граѓани, кои го планираат тоа, да не контактираат, за да имаме поточна евиденција. Најголем дел од тие кои ја напуштаат Украина се со привремен престој. Меѓутоа тие кои се со постојан престој, сè наши граѓани, кои повеќе години живеат во Украина. Овде имаат оформено семејства, придонесуваат, работат, имаат свои недвижности и најголем дел од нив, барем од контактите што ги имаме, даваат одговор дека во случај на поголема ескалација, би ја напуштиле Украина.

Глас на Америка: Има ли македонски граѓани кои живеат во источниот дел на Украина, каде ситуацијата ескалира?

Крум Ефремов: Во областите каде е граничната линија и каде има ескалација, нема македонски граѓани. Имаме еден наш граѓанин, кој е на периферијата од Донецката област. Со него сме во контакт, таму е мирно и нема никакви проблеми.

XS
SM
MD
LG