Линкови за пристапност

Можноста за ескалација на состојбата во Украина е се` поприсутна, оценува врвот на МНР


Пуштивме уште еден апел до нашите граѓани кои се таму да ја икористат можноста која може и да биде последна, да ги користат комерцијалните летови зашто гледаме дека и тие се откажуваат секојдневно, рече Османи
Пуштивме уште еден апел до нашите граѓани кои се таму да ја икористат можноста која може и да биде последна, да ги користат комерцијалните летови зашто гледаме дека и тие се откажуваат секојдневно, рече Османи

Македонската дипломатија се надева на најдоброто, но и се подготвува за најлошто сценарио во Украина. Можноста за ескалација на состојбата во Украина е се` поприсутна , оценува врвот на МНР.

За ситуацијата која може секој момент да кулминира со отворен руско-украински конфликт надлежните домашни институции и служби веќе се координирале. Повторен е повикот до македонските државјани да ја напуштат Украина додека можат.

„Пуштивме уште еден апел до нашите граѓани кои се таму да ја икористат можноста која може и да биде последна, да ги користат комерцијалните летови зашто гледаме дека и тие се откажуваат секојдневно. Мапирани се сите наши граѓани во Украина и Амбасадата во Киев ги има контактирано. Семејствата на дипломатите се вратени, а дипломатите остануваат таму и обезбедени се услови за функционирање на амбасадата во наредните три месеци. Однапред им се исплатени 3 месечни плати“, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Покрај македонските државјани кои се` уште се во Украина, ситуацијата за официјално Скопје дополнително ја комплицира и присуството на 30 набљудувачи, кои се дел од мисијата на ОБСЕ. Се` уште се проценува дали тие треба да се повлечат или дислоцираат.

„Останува прашањето на 30-те наши набљудувачи во рамките на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, некои земји ги имаат повлечено – САД, Канада, Велика Британија, а Данска и Холандија ги имаат дислоцирано на побезбедна локација. Нашата позиција е малку поспецифична, зашто ние сме дел од Тројката, дел од претседавањето со ОБСЕ и се разбира повеќе внимаваме какви пораки ќе дадеме по однос на мониторинг механизмите на ОБСE“, рече Османи.

Ова прашање ќе се решава во наредниот период и ќе зависи од развојот на ситуацијата во Украина, за која и властите во земјава сметаат дека е ризик за светскиот поредок – секоја суверена држава сама да си ги определува своите надворешно политичките приоритети.

Македонската дипломатија се надева на најдоброто, но и се подготвува за најлошто сценарио во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:48 0:00

XS
SM
MD
LG