Линкови за пристапност

Франција го охрабрува раздвижувањето на преговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија, рече францускиот амбасадор Бомгартнер


Франција, земјата која претседава со Советот на Европската Унија, уверува дека Париз целосно стои зад иницијативата за што е можно побрзо отворање на пристапните преговори со Скопје и со Тирана.

Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер вели дека неговата влада е во постојана комуникација и со двете земји, но и со останатите членки на Унијата во обид да се дојде до решение.

„Го охрабруваме раздвижувањето на преговорите и подготвени сме како земја претседавач да ја преземе нашата одговорност“, изјави Бомгартнер.

„Ставот на Франција е безрезервна поддршка за отворање, колку што е можно побргу, на претпристапните преговори и за Северна Македонија и за Албанија. Доколку во текот на билатералниот процес се постигне вистински напредок, чија завршница ќе значи отворање на претпристапните разговори, Франција не само што е расположена да го стори тоа, туку и ќе ѝ биде чест. Она што навистина е јасно е дека постои нов пристап во преговорите, се води интензивен дијалог на највисоко ниво меѓу Скопје и Софија. Во овој момент постојат билатерални разговори на кои се преговара за конкретни теми. За нас како земја која што претседава со Советот на Европската Унија, е важно да бидеме редовно и постојано информирани за сите прашања. Франција го охрабрува раздвижувањето на преговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија и подготвени сме како претседавачи во одреден момент да ја преземе нашата одговорност“, рече Бомгартнер.

XS
SM
MD
LG