Линкови за пристапност

Руската лизгачка Валиева нема да учествува на церемонијата на доделување медали


Ваквата одлука беше соопштена саати откако Спортскиот арбитражен суд (ЦАС) ѝ дозволи на 15-годишната Валиева да продолжи да се натпреварува и покрај позитивниот допинг тест
Ваквата одлука беше соопштена саати откако Спортскиот арбитражен суд (ЦАС) ѝ дозволи на 15-годишната Валиева да продолжи да се натпреварува и покрај позитивниот допинг тест

Меѓународниот олимписки комитет рече дека руската лизгачка Камила Валиева нема да учествува на церемонијата на доделување медали во Пекинг.

Ваквата одлука беше соопштена саати откако Спортскиот арбитражен суд (ЦАС) ѝ дозволи на 15-годишната Валиева да продолжи да се натпреварува и покрај позитивниот допинг тест.

ЦАС рече дека Валиева може да се натпреварува бидејќи е малолетна или „заштитена личност“ поради што подлежи на различни правила од возрасните атлетичари.

Валиева му помогна на Рускиот олимписки комитет да освои златен медал минатата недела, и е фаворит за злато во поединечната програма што треба да почне утре.

Меѓународниот олимписки комитет рече дека нема да има формална церемонија за медали за рускиот тим додека не биде завршена посебна истрага, а тоа ќе важи и ако Валиева освои злато во поедничниот натпревар.

XS
SM
MD
LG