Американецот Нејтан Чен го освои златниот медал во четвртокот во машка конкуренција во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година, со што стана првиот Американец да победи на настанот од 2010-та година.
Неговиот настап беше уште подоминантен денес во слободно лизгање за да го победи второпласираниот јапонски лизгач Јума Кагијама.
Бронзениот медал во дисциплината му припадна на Јапонецот Шома Уно.
Двократниот бранител на титулата, Јапонецот Јузуру Ханју, се пласираше на четвртото место.
Чен беше еден од фаворитите на оваа дисциплина на Олимписките игри во 2018-та година, но разочарувачкиот настап во кратката програма го доведе до петтото место.
Во сноубординг, Американката Клои Ким го одбрани златниот медал во 2018-та година во женска конкуренција со уште една победа денес. На Ким ѝ требаше само првата од нејзините вкупни три трки за да постави резултат на кој ниту еден друг натпреварувач не можеше да ја постигне.
Шпанката Кваралт Кастелет го освои сребрениот медал на оваа дисциплина додека се натпреваруваше на својата петта Олимпијада. Јапонката Сена Томита го освои бронзениот медал.
Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес.