Линкови за пристапност

Растат цените на потрошувачките производи во САД со годишно темпо од 7,5 отсто


Потрошувачките цени во САД се зголемија со годишно темпо од 7,5 отсто во јануари, што е најбрз пораст во последните четири децении, објави Одделот за труд во четвртокот.

Американците се соочуваат со повисоки трошоци за автомобили, мебел за домаќинството и апарати. Потрошувачите се соочуваат и со повисоки цени кај месото, јајцата како и производството на овошје и зеленчук. Цените на горивата исто така остануваат високи во САД.

Напливот на инфлација е поттикнат од проблемите со понудата и побарувачката поврзани со коронавирусот.

Потрошувачите се чини дека се подготвени да купуваат стоки откако коронавирусот ги ограничи личните трошоци, но сега производителите не можат да испорачаат доволно од нивните производи, а во исто време се соочуваат и со недостиг на камионџии за да ги транспортираат своите стоки во продавниците и салоните.

Економијата во САД нагло се зголеми, закрепнувајќи од пандемијата со побрзо темпо отколку што предвидуваа економистите, напредувајќи за 5,7 отсто во 2021-ва година, што е најбрза стапка за цела година од 1984-тата година.

САД со најголемата економија во светот, додадоа 467.000 нови работни места во јануари, додека нивната стапка на невработеност се искачи на 4 отсто. Бизнисите додадоа рекордни 6,4 милиони работни места минатата година.

Економистите предвидуваат дека со текот на времето, инфлаторните притисоци ќе се намалат. Но, креаторите на политиката во Федералните резерви, централната банка на земјата, сигнализираат дека следниот месец ќе почнат да го зголемуваат својот репер интерес за да ја намалат инфлацијата и да ја задржат американската економија на соодветното ниво. Банката на федерални резерви обично се обидува да постави политики што овозможуваат годишна стапка на инфлација од 2 отсто, многу помала од сегашниот скок на цените.

XS
SM
MD
LG