Линкови за пристапност

Блинкен во Австралија на разговори за безбедносни и регионални предизвици


Блинкен во Мелбурн
Блинкен во Мелбурн

Американскиот државен секретар Антони Блинкен ја истакна важноста на сојузништвото за справување со глобалните и регионалните прашања пред разговорите за безбедноста во Австралија и ја истакна посветеноста на администрацијата на Бајден кон овој регион. „Прашањата што навистина имаат влијание врз луѓето дома во САД, овде во Австралија, и ширум светот - без разлика дали е климата, дали е Ковид, дали е влијанието на новите технологии - ниту едно од овие прашања може ефективно да се справи секој од нас, кога дејствува сам“, изјави Блинкен пред персоналот на американската мисија во Австралија, во четвртокот вечерта во Мелбурн. „Повеќе од кога било досега, ни требаат партнерства, ни требаат сојузи, ни требаат коалиции на земји кои се подготвени да ги вложат своите напори, ресурси, нивните умови во справувањето со овие предизвици“, изјави првиот дипломат на САД.

Блинкен разговараше за глобалните цели за вакцинација и потребата од „посилен глобален здравствен безбедносен систем“ за светот да биде подобро подготвен „следниот пат“.

Претходно неделава, Австралија соопшти дека повторно ги отвора своите граници за целосно вакцинирани патници на 21-ви февруари. Мерката доаѓа речиси две години откако границите беа затворени како дел од напорите за контрола на ширењето на Ковид-19.

Затворањето на границите на Австралија за време на пандемијата беше меѓу најстрогите мерки во светот.

Блинкен рече дека Австралија и САД биле „лидери, заедно“ во борбата против Ковид-19.

Во петок, Блинкен се среќава со лидерите на земјите од Квад - САД, Австралија, Јапонија и Индија.

Австралиската министерка за надворешни работи Марис Пејн, која ќе биде домаќин на состанокот, рече дека собирот ќе испрати порака до Кина дека безбедноста во регионот останува приоритет за САД.

XS
SM
MD
LG