Линкови за пристапност

Од март минималната плата е 18 илјади денари


Новиот минималец ќе почне да се исплаќа со мартовската плата, односно од април и ќе опфати над 80 илјади работници кои во просек ќе добијат 45 евра поголем личен доход. Владата ќе одвои 16 милиони евра од Буџетот за субвенционирање на придонесите. Работодавачите без став околу одлуката но очекуваат поголема продуктивност на работниците

СКОПЈЕ - По серија долги и тешки преговори „падна“ договор - минималната плата се покачува на 18 илјади денари а исплатата на новиот минималец почнува со мартовската плата односно од април и ќе опфатни над 80 илјади работници кои во просек ќе добиваат 45 евра повеќе на трансакциските сметки.

„ Среќен сум и задоволен што можам да соопштам дека постигнавме дооговор со Сојузот на синдикати и со работодавачите со кој 80 илјади наши сограѓани од различни индустрии ќе се извлечат од прагот на сиромаштијата. Мерката во најголема мера ги опфаќа вработените во микро и малите претпријатија трговијата и други важни индустрии во земјава. Оваа мерка е продлѓение и дополнителна поддршка за овие дејности кои беа помогнати низ целата ковид криза “, рече премиерот Димитар Ковачевски, по средбата во Владата.

На средбата е договорено да се сменат критериумите на методологијата за годишно усогласување на минималната плата со 50 отсто од годишниот раст на минималната плата, 50 отсто од растото на трошоците за живот.

„Третиот критериум е новина. Висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57 отсто од просечната плата објавена од Државниот завод за статистика“, објасни премиерот Ковачевски.

Договорот кој беше постигнет вечерва предвидува со минимална плата од 18 илјади денари, работодавачите ќе го покријат целокупното нето зголемување на платите за своите вработени кои се на минимална плата а државата од Буџетот да ја покрие целокупната разлика во делот на придонесите од сегашната минимална плата од 15.200 денари до онаа која ќе се исплаќа од март и ќе изнесува 18 илјади денари. Проценките се дека уделот од Буџетот ќе тежи 16 милиони евра до крајот на годината.

„Има посебна програма каде што се финансираат делот за поддршка за покачување на плата а исто така има и во мерките за криза. Значи во Буџетот има дополнителни средства со кои може да се реализира оваа мерка за да се излезе во пресрет на работодавачите“, објасни Фатмир Бесими, министер за финансии.

Претседателот на Сојузот на синдикати (ССМ) Дарко Димовки, не го криеше задоволството од постигнатиот договор. Тој додаде дека ќе има доследна примена на членот 8 од кој предвидува зголемување на сите останати плати согласно колективните договори.

„ Ви благодарам заподдршката што ни ја дававте. По макотрпна борба, одлучна, суштинска и егизстенцијална неопходна за работникот денеска ја добивме платата од 18 илјади денари. Добивме Минимална која изнесува 62% од просечната плата. Добивме нова методологија. Им се заблагодарувам и на работодавачите што не беа себични и нене попречуваа за минималната плата и скалестото зголемување. Се гледаме со нови победи“, рече Димовски.

Од Организацијата на работодавачи соопштија дека немаат став околу одлуката и дека допрва ќе се консултираат со своето членство. Тие очекуваат со покачувањето на минималецот да се зголеми и продуктивноста на работниците.

„Организацијата на работодавачи ја подзравува одлуката за зголемување на минималната плата. Ова е нова одлука за нас, со нови методологии и пристап и ќе мора дополнително да го консултираме членството и да излеземе со став околу евентуалните репрекусуии и влијанија врз процесот. Претседателот на Синдикатот кажа, кај него е магичното стапче и очекувам да го исполни кажаното дека задолволни работници ќе допринесат за зголемување на продуктивноста. Очекувам да останат на зборот“, изјави Владанка Трајкоска , претседателка на Организацијата на работодавачи.

Прмиерот Ковачевски е убеден дека во Буџетот има средста и за справување со енергетската криза и кризата со топлинска енергија во Скопје и нема да има потреба од ребаланс на Буџетот.

XS
SM
MD
LG