Линкови за пристапност

Северна Македонија со скок од 24 места на Индексот за перцепција на корупцијата


Државата е рангирана на 87 место на листата на „Транспаренси интернешенел“ и има најголем скок во регионот. Подобрување на човековите права, изборите и работата на Антикорупциска клучни за добриот резултат. Судските реформи доцнат се нотира во извештајот


СКОПЈЕ – Напредок со 4 индексни поени и скок од 24 места на листата на Индексот на перцепција за корупцијата бележи Северна Македонија во 2021 година. На листата која денес ја објави „Транспаренси интернешенел“ Северна Македонија е на 87 место што е далеку подобар резултат од ланското 111 место но и далеку полош од 66 место во 2015 година.

„Имаме подобрување, но тоа не значи дека е многу добро бидејќи сеуште сме пониско од каде што бевме во 2015 година - 66 место и под половината од 50 поени“, изјави Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси Интеренешел Македонија“ на презентацијата на извештајот.

Извештајот за државата се базира врз 13 различни извори на информации и истражувања кои го вршат 12 независни институции.

Подобрување на човековите права, начинот на спроведување на парламентарните и лопкалните избори минатата година, процесите на реформи, судските постапки за високи случаи на корупција и работата на независните институции односно Антикорупсциската комисија се позитивните исчекори на кои се должи подобрувањето на рангирањето.

„ Исто така се бележат и активностите кои се превземени од Владата која го направи акцискиот план за борба против корупција. Но, реформата во судството сеуште стагнира а тоа се гледа и во резултатите на истражувањата, а има и рефрми кои треба дополнително да се спроведуваат. Сепак активностите проведени во последните две години го покажуваат влијанието и затоа има подобрување“, објасни Тасева.

Споредено со државите во регионот годинава најголем скок имаат Северна Македонија и Косово. Најдобро рангирана, очекувано е Словенија која е на 41 место, потоа следува Хрватска на 63 место и Црна Гора која е на 64 место. Бугарија е на 78 место а потоа следуваат Северна Македонија и Косово на 87 место со по 39 индексни поени. Полошо од нас во регионот се рангирани Србија која е на 96 место и бележи пад како и Албанија и Босна и Херцеговина кои го делат 110 место.

Индексот за перцепција на корупцијата (ИПК) рангира 180 држави во светот. Глобалниот просек на Индексот и оваа година остана непроменет - 43 поени што е десетта година по ред, а две третини од државите имаат резултат под 50 индексни поесни.

Најдобро рангирани земји се Данска, Финска и Нов Зеланд со индекс 88. Овие земји исто така се рангирани во првите 10 во светот според резултатот за граѓански слободи на Демократскиот индекс.

На дното на табелата остануваат Сомалија и Сирија со 13 и Јужен Судан со 11 бодови. Сирија е исто така рангирана на последно место по граѓански слободи.

27 здржави во светото оваа година се на историски најниски нивоа а меѓу нив се Кипар (53), Либан (24) и Хондурас (23).

Во последната деценија, 154 држави не постигнаа напредок на листата или пак загубија места.

XS
SM
MD
LG