Линкови за пристапност

Кина ги откажа плановите за продавање влезници за Олимпијадата поради Ковид


China Beijing Olympics Arriving Athletes
China Beijing Olympics Arriving Athletes

Кина ги откажа плановите да продава влезници за јавноста за Зимските Олимписки Игри во Пекинг, во време кога бројката на новозаразени во земјата се искачи на највисоко ниво од март 2020-та, објави Франс Прес.

Според АФП, организаторите објавија уште лани дека нема да има меѓународните туристи на Игрите, најмногу поради неколкунеделните барања за карантин во Кина, но ветија дека ќе дозволат домашна публика на стадионите.

Но, ваквите планови беа прекинати откако Кина регистрираше 223 новозаразени на само три недели пред отворањето на Зимските Олимписки игри во февруари.

„Со цел да се заштити здравјето и безбедноста на учесниците, одлучивме да не се продаваат влезници за Игрите, туку ќе организираме заедничко гледање на обожавателите пред салите, се огласи организацискиот Комитет.

Нејасно е дали оние кои ќе добијат можност да ги следат лично Игрите, ќе треба да одат во карантин пред или по Игрите.

XS
SM
MD
LG