Линкови за пристапност

СЗО препорача два нови лекови против ковид-19


Степенот до кој овие лекови ќе спасат животи зависи од тоа колку ќе бидат широко достапни

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека препорачува два нови лекови за лекување против ковид-19.

Двата лека се Барицитиниб и Сотровимаб. Барицитиниб е „силно препорачлив“, рекоа од СЗО, „за пациенти со тежок или критичен развој на болеста“.

Се вели дека Сотровимаб, лек со моноклонални антитела, „условно се препорачува“ за лекување на благ или умерен ковид-19 кај пациенти кои се изложени на висок ризик од хоспитализација.

Степенот до кој овие лекови ќе спасат животи зависи од тоа колку ќе бидат широко достапни“, се вели во соопштението на СЗО.

Ресурсниот центар за коронавирус Џон Хопкинс рано во петокот објави дека забележал 320,5 милиони глобални инфекции со ковид и над пет милиони смртни случаи. Центарот соопшти дека се администрирани 9,5 милијарди вакцини.

XS
SM
MD
LG