Линкови за пристапност

Поранешниот претседател Порошенко се врати во Украина да се соочи со судските обвинувања


Former Ukrainian President Petro Poroshenko
Former Ukrainian President Petro Poroshenko

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко се врати во Украина да се соочи со судскиот процес против него за предавство, за обвинувања, за кои тој верува дека се политички мотивирани.

На аеродромот во Киев, тој пристигна од Варшава, каде беше пречекан од неколку илјади негови поддржувачи. Некои од нив, носеа пароли „Ние сакаме демократија“ и „Стоп за репресиите“.

Од аеродромот, се очекува Петрошенко директно да се упати кон Судот, кој треба да се произнесе дали да остане во остане во притвор до почетокот на истрагата и судскиот процес.

Обвинителството го товари дека Порошенко, сопственикот на фабриката за слатки Рошен и еден од најбогатите бизнисмени во Украина дека бил инволвиран во продажбата на големо количество јаглен, а со парите биле финансирани сепаратистите кои имаат поддршка од Русија во источна Украина уште од 2014-та.

Имотот и сметките на Порошенко се замрзнати како дел од истрагата по обвинувања за предавство. Поранешниот претседател на Украина се соочува со 15 годишна каза затвор.

XS
SM
MD
LG