Линкови за пристапност

ЕУ, НАТО ги осудија кибернетските напади врз Украина


cyber attack Ukraine
cyber attack Ukraine

Официјални лица на ЕУ ги осудија кибернетските напади врз Украина за затворање на интернет-страници на владата но и интернет-страниците на службите за итни ситуации, и се заложија дека ќе бидат користени ресурси на Унијата да ѝ се помогне на оваа земја.

Шефот за надворешни работи на Украина потврди дека неколку веб-страници од неговиот Кабинет – седум министерства, вклучувајќи го и одделот за финансии, службите за вонредни ситуации и државните услуги, каде се сторнирани електронските пасоши и сертификати за вакцинираните граѓани биле мета на хакерски напад.

Интернет-страниците содржеле пораки на украински, руски и полски, истакнувајќи дека личните податоци на Украинците се протечени во јавноста. “Очекувајте го најлошото. Ова е вашето минато, сегашност и иднина“, се вели во пораката.

Украинската државна управа за заштита на личните податоци за Асошиејтед прес објави дека нема докази дека лични информации од граѓаните се протечени.

Зборувајќи со новинарите на маргините на средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брест, Франција, шефот на европската надворешна политика Јосеп Борел изрази најсилна осуда за кибернетскиот напад и изјави дека на вонредната средба на Политичкиот комитет на ЕУ, ќе се разгледува понатамошната реакција од Брисел.

Тој најави „мобилизирање на сите ресурси за помош на Украина да го зголеми капацитетот за одбрана од кибернетски напади.

Во соопштение, и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг силно ги осуди нападите и истакна дека експерти од НАТО размениле информации со своите украински колеги за „актуелните кибернетските напади“.

Тоој рече дека сојузничките експерти од НАТО ги поддржуваат украинските власти. (јб)

Некои информации во извештајот се користени од Асошиејтед Прес, Ројтерс и АФП.

XS
SM
MD
LG