Линкови за пристапност

Ковачевски: Нема преговори за идентитетот и јазикот


Економски раст, инвестиции, борба против корупцијата, зголемување на платите и пензиите, економско - енергетска стабилност, завршување на крупни инфраструктурни проекти се приоритетите на Владата кои ги презентираше мандатарот Коначевски пред пратениците


СКОПЈЕ – „Не очекуваме и не бараме 100 дена грејс период за нова Влада. Едноставно, нема време за запознавање и анализи. Влегуваме во жарот на проблемите и предизвиците и ќе сториме се да бидеме успешни и ефикасни, за што јавноста и вие пратениците ќе не контролирате. Ве повикувам на отворена дводневна дебата“, кажа мандатарот Димитар Ковачевски во своето експозе пред пртаениците во Собанието.

Тој ја претстави програмата на Владата и ги наведе приоритетите во работењето и подвлече дека никој нема право и никој не смее да преговара за идентиетот и јазикот во спортот со Бугарија за остварување на стратешките цели.

„Историјата е на историчарите, но идентитетските прашања се темели на народот и на државата. За Владата не постои никаква дилема – никој не смее и никој нема да преговара за идентитетот на македонскиот народ и за историски и научно потврдената специфичност и уникатност на македонскиот јазик.Разговорите со Република Бугарија ќе продолжат и ќе се интензивираат, бидејќи ние сме пријателска земја која развива добрососедство и бидејќи имаме исклучителен стратешки интерес да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ“, рече Ковачевски пред пратениците.

Едноцифрена невработеност до крајот на мандат, раст на економијата, справување со ефектите од пандемијата и енергетската криза, повисоки плати и пензии и нови домашни и странски инвестции се клучните приоритети во економијата.

„Клучна цел на економската политика на Владата ќе биде креирање поголем и одржлив раст на економијата и пораст на БДП со удвојување на стапките на економски раст на среден рок и тоа од 2,5 %, на 5% просечен раст. Уште на почетокот на мандатот, Владата ќе направи интервентен план за поддршка на населението и стопанството за справување со последниците од енергетската криза. Одржувањето на животниот стандард и куповната моќ на населението мора да се задржи и зголеми“, изјави Ковачевски.

Изградбата на Коридор 8, финиширање на автопатот Кичево – Охрид и 200 милиони евра инвестиции во земјоделството се дел од програмата на Владата која ја презентираше Ковачевски.

Борбата против корупцијата ќе продолжи.

„Владата во својата работа ќе се води од основните принципи на добро управување и тоа одговорност, ефикасност, отчетност и чесност. Во тој контекст, силно ќе се посветиме на спроведуваме на Планот за борба против корупција. Тој се темели на четири столба односно Дигитализација на процесите за исклучување на човечкиот фактор во процесите, реформа на правосудството, зголемување на професионализацијата на институциите и четвртиот столб, јакнење на интегритетот на носителите на јавни функции“, рече Ковачевски.

Од ВМРО – ДПМНЕ пак на ставот дека кабинетот на Ковачевски е континуитет на владата на Заев а кадрите кои донеле криза не може да бидат решение и излез.

„Оваа влада на Ковачевски е континуитет на корумпираната влада на Заев која граѓаните ја казнија на избори, влада која донесе економско опустошување, континуирана ситуација на дневно поскапување, губење на работни места и економско тонење. Ние сме денес овде затоа што поразена е секоја политика на Зоран Заев, ние сме овде затоа што народот жестоко ги порази националните понижување, жестоко ја порази корупцијата, неспособноста и економските потфрлувања. Тој континуитет на корупција го продолжуваат истите кадри кои остануваат во оваа влада. Ова е влада која нема визија за економија, која не донесе странски инвеститори и нема визија како да го подигне стопанството“, изјави Александар Николовски потпретседател на ВМРО - ДПМНЕ

Од ВМРО – ДПМНЕ ги повикаа помалите коалициони партнери на СДСМ како ДС, ДОМ, и Либералната партија да ја напуштата коалицијата.

Поддршка за Ковачевски стигне од коалициониот партнер ДУИ кој ги повика пратениците да ја поддржат Владата но и да работат заедно на полноправно члентво во ЕУ.

„Имаме парламентарно мнозинство со целосен легитимитет кој извира од последните парламентарни избори и во оваа Влада на мандатарот Ковачевски, со оглед и на досегашните резултати на владиниот состав, треба да се има доверба. ДУИ заедно со своите партнери во Владата стави крај на бесмислените предрасуди во македонското општество кон Албанците и другите етнички заедници. Денес и утре дебатираме дали да гласаме за Европската Унија, за Охридскиот Договор, за добрососедството, за Коридорот 8, за гасификацијата, за Зелената агенда, за дигитализацијата, за железницата, за автопатот Скопје-Блаце, за управувањето со отпадот, за напредна и поддржана администрација, за предвидливост и добри меѓуетнички односи, стабилност и безбедност“, рече Арбр Адеми, кординатор на пратеничката група на ДУИ.

Мандатарот Ковачевски на списокот има 21 министер.

Министерство за одбрана - Славјанка Петровска (СДСМ), Министерството за внатрешни работи - Оливер Спасовски (СДСМ), Министерство за правда - Никола Тупанчевски (СДСМ), Министерство за земјоделство - Љупчо Николовски (СДСМ), Министерство за култура - Бисера Костадиновска Стојчевска (СДСМ) Министерство за труд и социјална политика - Јована Тренчевска (СДСМ), Министерство за локална самоуправа - Горан Милевски (Коалиција СДСМ).
Од редовите на СДСМ се и вицепремиерите Фатмир Битиќи за за економски прашања, Бојан Маричиќ за европски прашања и Славица Грковска за борба против корупција и криминал.
Артан Груби (ДУИ) останува во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Министерство за надворешни работи - Бујар Османи (ДУИ), министерство за екологија Насер Нуредини (ДУИ), Министерство за финансии Фатмир Бесими (ДУИ), Министерство за економија Крешник Бектеши (ДУИ), Министерство за образование Јетон Шаќири (ДУИ).
Од Алтернатива се Беким Сали - Министерство за здравство, Мининсстерство за информатичко општество и администрација - Адмирим Алити и Џемаил Чупи министер без ресор задолжен за дијаспората.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG