Русија и НАТО денеска на високо ниво разговараат во Брисел каде фокусот на намалување на напнатоста долж границата меѓу Русија и Украина.
НАТО се противи на зголемување на бројката на руски војници долж границата, истакнувајќи, дека тоа ја поткопува европската безбедност. Од своја страна, пак, Русија бара безбедносни гаранции како ограничување на проширувањето на 30-члената Алијанса, аргументирајќи дека влезот на Украина во НАТО, претставува закана за Москва.
Американскиот амбасадор во НАТО Џулијан Смит спроти денешните разговори изјави дека Алијанската е определена кон де-ескалирање на напнатоста со дипломатски средства, и оти севкупната дискусија треба да биде во духот на „намалување на ризиците, транспарентноста, контролата на вооружување и разните начини за комуникација меѓу двете страни“.
Смит изрази солидарност на САД со Украина, и додаде дека „руските потези ја поттикнале кризата“, и оти сојузниците на НАТО се подготвени да се справат со секаков вид на руска агресија“.
„Дали Русија ќе го следи патот на конфронтација и армиска акција, ние јасно му ставивме до знаење на Кремљ, дека одлучно ќе возвратиме, со мерки кон вклучуваат и жестоки економски санкции. Како Алијанса сме подготвени да го зајакнеме источното крило на НАТО и да наметнеме значителен притисок, ако има понатамошна руска агресија врз Украина“, рече Смит.
Портпаролот на Кремљ, Димитри Пешков, изјави дека разговорите во понеделникот во Женева биле „отворени содржајни и директни“, а слично ехо дојде и од официјален Вашингтон.
Facebook Forum