Линкови за пристапност

САД донесоа пократки правила за изолација од ковид-19 за здравствените работници


Загрижени дека новиот бран на ковид-19 би можел да ги совлада болниците во САД со недоволно персонал, федералните власти во четвртокот ги олабавија правилата кои ги повикуваат здравствените работници да се изолираат 10 дена доколку се тестираат позитивни.

На тие работници сега ќе им биде дозволено да се вратат на работа по седум дена доколку тестот е негативен и немаат симптоми. Времето на изолација може да се намали на пет дена, па дури и помалку ако има сериозен недостиг на персонал, според новите упатства од Центрите за контрола и превенција на болести.

„Додека здравствената заедница се подготвува за очекуваниот пораст на пациентите поради омикрон, ЦДЦ ги ажурира нашите препораки за да го одрази она што го знаеме за инфекцијата и изложеноста во контекст на вакцинацијата“, рече директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски во изјавата.

„Нашата цел е да ги зачуваме здравствениот персонал и пациентите безбедни и да се справиме и да спречиме непотребно оптоварување на нашите здравствени установи“, додаде таа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG