Линкови за пристапност

22 милиони бебиња не ја примиле првата вакцина против сипаници во 2020 година


СЗО во соопштението рече дека билансот од 22 милиони е „најголемото зголемување во последните две децении“ и го поставува теренот за „создавање опасни услови за појава на епидемии“.

Додека случаите на мали сипаници се намалија за 80% во 2020 година, СЗО вели дека таа бројка е погрешна бидејќи надзорот на сипаници се влоши со избувнувањето на пандемијата со Ковид-19.

„Доказите сугерираат дека веројатно ја гледаме смиреноста пред бурата бидејќи ризикот од избувнување продолжува да расте низ целиот свет“, рече д-р Кејт О'Брајан, директор на Одделот за имунизација, вакцини и биологија на СЗО. „Критично е земјите да вакцинираат што е можно побрзо против Ковид-19, но тоа бара нови ресурси за да не дојде по цена на основните програми за имунизација. Рутинската имунизација мора да се заштити и зајакне; во спротивно, ризикуваме да замениме една смртоносна болест за друга“, рече таа.

СЗО соопшти дека имало „големи епидемии на сипаници“ во 26 земји, што претставува 84 отсто од сите пријавени случаи во 2020 година.

„Мораме да дејствуваме сега за да ги зајакнеме системите за надгледување на болестите и да ги затвориме празнините во имунитетот, пред патувањето и трговијата да се вратат на нивоата пред пандемијата, за да спречиме смртоносни епидемии на сипаници и да го ублажиме ризикот од други болести кои можат да се спречат со вакцини“, рече д-р Кевин Кејн, глобален директор за имунизација во Центрите за контрола и превенција на болести.

Малите сипаници се еден од најзаразните човечки вируси во светот, иако речиси целосно може да се спречат преку вакцинација.

XS
SM
MD
LG