Линкови за пристапност

ФДА се очекува да одобри трета доза од различни вакцини


Американските Центри за контрола и заштита од болести веќе одобрија трета доза за двете вакцини на Фајзер за одредена група луѓе по изминувањето на периодот од шест месеци од примањето на првата доза.

Американските новински агенции дека Администрацијата за храна и лекови ФДА наскоро ќе им овозможи на Американците да избираат трета доза против Ковид-19 различна од вакцините кои веќе ги примиле.


Федералната регулаторна комисија се очекува да ја најави таканаречената стратегија “mix and match”, денеска, кога и официјално ќе авторизира засилувачи на двете вакцини на Модерна, и едната доза од Џонсон и Џонсон.

Американските Центри за контрола и заштита од болести веќе одобрија трета доза за двете вакцини на Фајзер за одредена група луѓе по изминувањето на периодот од шест месеци од примањето на првата доза.

Фокусот е на лицата над 65 години, жителите во пензионерските домови, здравствените работници и лицата меѓу 50 и 64 години со ослабен имунолошки систем.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG