(Вашингтон, Ројтерс) Белата куќа во петокот соопшти дека ќе ги укине ограничувањата за патување воведени поради Ковид-19 за целосно вакцинираните странски државјани од 8 ноември, ставајќи крај на ограничувањата што забранија влез за жителите на поголем дел од светот во Соединетите Држави.
Ограничувањата за државјани кои не се од САД, беа воведени за патниците од Кина во јануари 2020 година од тогашниот претседател Доналд Трамп, а подоцна беа проширени и на десетици други земји.
Ограничувањата на несуштинските патувања на копнените граници со Мексико и Канада беа воведени од март 2020 година.
По оваа информација, акциите на американските авиокомпании, хотели и компании за крстарења пораснаа. Американ Ерлајнс за 1,9%; Мериот за 2,2%; и Карневал корп за 1,3%.
Соединетите Држави се меѓу последните земји кои ги укинуваат ваквите ограничувања, а сојузниците го поздравија овој потег.
Ограничувањата на САД им забранија влез на патниците од поголемиот дел од светот, вклучително и десетици илјади странски државјани со роднини или деловни врски во Соединетите држави.
Информациите во овој извештај се преземени од Ројтерс.