Линкови за пристапност

Европа гради ѕидови за заштита од наплив на мигранти


Минатата недела на вонреден состанок во Брисел, министрите за внатрешни работи на 27-те земји-членки на ЕУ се согласија „заеднички да дејствуваат за да спречат повторување на неконтролираните, големи илегални миграциски движења“.

Пред четири години, европските лидери го отфрлија планот на тогашниот американски претседател Доналд Трамп да изгради ѕид на јужната граница на Америка со Мексико.

„Имаме историја и традиција на уривање ѕидови и градење мостови“, кажа Федерика Могерини, тогашен претставник за надворешна политика на ЕУ.

Но, Европа сега го забрзува градењето ѕидови од страв од идни миграциски кризи.

Во блиска иднина, владите на Европската унија се загрижени за приливот на Авганистанци и се надеваат дека ќе ги убедат блиските соседи на Авганистан да ги прифатат оние што бегаат од Талибанците.

Агенцијата на ОН за бегалци,УНХЦР, предупреди дека до 500.000 Авганистанци би можеле да ја напуштат својата татковина до крајот на годината. Претставниците на ЕУ велат дека размислуваат да потрошат милијарда евра за да ги натераат авганистанските соседи да дејствуваат како чувари на нивните порти. Но, Пакистан, Таџикистан и Узбекистан не изгледаат многу расположени и предупредија дека се подготвени да служат само како транзитни земји за авганистанските баратели на азил.

Во саботата австрискиот канцелар Себастијан Курц рече дека потенцијален бегалски бран кон Европа не смее да се случи. Неодамна францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Европа „треба да антиципира и да се заштити од бран мигранти“ од Авганистан.

Тој совет го слушаат другите европски национални лидери, желни да ги спречат масовно влегување на авганистанските бегалци во Европа, со што се надеваат дека ќе избегнат повторување на миграциската криза 2015-16 година, кога повеќе од милион баратели на азил од Блискиот Исток, суб-Сахарска Африка и Централна Азија влегоа во Европа, што стана политичко прашање во Европа и поттикна подем на популистички националистички партии.

Минатата недела на итен состанок во Брисел, министрите за внатрешни работи на 27-те земји-членки на ЕУ се согласија „заеднички да дејствуваат за да спречат повторување на неконтролираните, големи илегални миграциски движења со кои се соочувавме во минатото“.

Изгледите за повеќе авганистански бегалци да се појават на нивните граници дејствуваа како поттик за централноевропските, балтичките и балканските држави да ги завршат планираните sидови и да подигнат повеќе огради од жица. Грција минатиот месец го заврши ѕидот од 40 километри долж копнената граница со Турција и инсталираше автоматски систем за набудување за да се спречат баратели на азил да стигнат до Европа.

„Не можеме пасивно да чекаме за можното влијание“, рече грчкиот министер за заштита на граѓаните, Михалис Хрисохоидис, најавувајќи го завршувањето на проектот.

„Нашите граници ќе останат безбедни и неприкосновени“, додаде тој. Според податоците на Агенцијата за бегалци на ОН, барателите на азил од Авганистан сочинуваат 45% од неодамнешните пристигнувања на грчките острови оваа година.

Во понеделникот во интервју за Политико.еу, новинска страница, еврокомесарот за внатрешни работи, Илва Јохансон, ја намали одлучноста на земјите-членки да ги држат вратите заклучени , велејќи дека свикува форум на високо ниво подоцна овој месец, каде земјите-членки, Британија, САД и Канада ќе разговараат за обврските за преселување на одреден број авганистански бегалци.

„Се разбира, тоа е доброволно, но очекувам да одговорат позитивно“, рече таа. Но, неколку држави, вклучително и Грција, Австрија и Унгарија, веќе рекоа дека немаат такво расположение.

Шпанија, Грција, Унгарија, Бугарија, Австрија, Словенија, Словачка, Летонија, Естонија, Норвешка, Литванија и Полска во последните години имаат завршено нови надворешни sидови. 


Во саботата, еврокомесарот за миграција, Маргаритис Схинас, истакна дека надворешните граници на блокот се многу посилни сега отколку кога континентот го потресе миграцискиот прилив 2015-16 година, што предизвика бран од градење ѕидови.

Земјите членки на ЕУ колективно изградија повеќе од 1.000 километри гранични sидови или огради со бодликава жица во последните години. Секој ден гледаме повеќе ѕидови. Во 1990 -тите години беа изградени само два sида, до 2017 година кои скокнаа на 15. Шпанија, Грција, Унгарија, Бугарија, Австрија, Словенија, Словачка, Летонија, Естонија, Норвешка, Литванија и Полска во последните години имаат завршено нови надворешни sидови.

Франција, Словенија и Австрија од 2015 година изградија ѕидови на нивните заеднички граници со другите земји на ЕУ.

Латвија, Литванија и Полска френетично ги градеа ѕидовите и ги милитаризираа своите граници со Белорусија за да го спречат рекордниот број мигранти, главно од Ирак, да ги преминуваат нивните граници. Тие го обвинуваат белорускиот претседател Александар Лукашенко дека ги организирал мигрантските премини како форма на „хибридна војна“ против ЕУ заради воведувањето санкции во пресрет на спорните избори минатата година, за кои нашироко се гледаше дека се наместени.

На прес конференцијата минатиот месец, Лукашенко негираше дека Белорусија сака да ја уценува Европа со обидот да создаде мигрантска криза, но рече дека реагира на притисокот од странство. „Ние не уценуваме никого со илегална имиграција“, им рече тој на новинарите во Палатата на независноста во Минск. „Ние не се закануваме на никого. Но, вие не доведовте во такви околности што сме принудени да реагираме. И ние реагираме “, рече тој.

Но, не е само користењето на мигрантите како оружје од страна на непријателите на ЕУ или најновите случувања во Авганистан што го привлекоа вниманието на загрижените креатори на политики на ЕУ и националните лидери. Серија неодамнешни студии сугерираат дека Европа ќе види многу поголеми миграциски предизвици во наредните децении.

Во студија објавена порано годинава, истражувачите на Виенскиот институт за меѓународни економски студии предупредуваат дека меѓу сега и 2030, климатските промени, конфликт и политичка нефункционалност, заедно со масивниот растеж на населението во Африка, неизбежно ќе доведе до значително зголемување на бројот на лица кои се обидуваат да мигрираат во ЕУ.

XS
SM
MD
LG