Линкови за пристапност

Крајот на пандемијата во САД може да биде до почетокот на 2022


Фаучи: Ако се вакцинираат оние 80 до 90 милиони луѓе кои се’ уште не се вакцинирани, верувам дека можеме да видиме светлина на крајот од тунелот

Врвниот американски експерт за заразни болести денес рече дека САД би можеле да го искоренат вирусот до 2022-ра година со можно целосно одобрување на повеќе вакцини.

Забелешките на д -р Ентони Фаучи дојдоа еден ден откако вакцината Фајзер доби целосно одобрување од Администрацијата за храна и лекови на САД.

„Ако се вакцинираат оние 80 до 90 милиони луѓе кои се’ уште не се вакцинирани, кои не сакаа да се вакцинираат или немаа можност, верувам дека можеме да видиме светлина на крајот од тунелот“, рече Фаучи. рече на Ен -Би -Си њуз.

Со потенцијалното целосно одобрување од владата за вакцините Модерна и Џонсон и Џонсон во наредните недели и можноста децата да бидат одобрени за вакцинација оваа есен, Фаучи рече „Можеме да го свртиме ова на подобро“.

Во САД, повеќе локалитети и организации во понеделникот рекоа дека ќе бараат доказ за вакцинација по објавата дека вакцината против коронавирусот на Фајзер добила целосна федерална согласност.

САД се на врвот со заболени од 38 милиони лица, и починати приближно 630 илјади , според истражувачкиот центар за коронавирус на Универзитетот Џонс Хопкинс.

САД донираа исто така половина милион дози вакцини од производителот Модерна на Палестинците на Западниот Брег и Газа за да помогнат да се спречи нов пораст на инфекции.

Шефот на Светската здравствена организација ги повика земјите да ја одложат администрацијата на третата доза за најмалку два месеци за да им се овозможи на државите со ниски дози на вакцини да добијат повеќе.

Унгарија стана првата земја во Европската унија што понуди трета доза вакцина и им се придружи на поголем број нации, вклучувајќи ги САД и Израел, кои почнаа да нудат или планираат да понудат трета доза на нивното население.

СЗО минатата недела рече дека не верува дека тековните податоци ја поддржуваат потребата од трета вакцина.

Некои информации во овој извештај се од АП и Ројтерс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG