Линкови за пристапност

Македонската пијанистка Хајди Елзесер, настапува на светските сцени и ги промовира македонските композитори


Елзесер настапува како солист, а последните десетина години е посветена на современата музика
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:54 0:00

Елзесер настапува како солист, а последните десетина години е посветена на современата музика

Последен настап на Охридско лето ви беше пред 24 години. Што значи повторно настапот на Охридско лето за Вас?

Хајди Елзесер: „Тоа значи многу. За сите нас музичари кои сме овде родени, Охридско лето е поим, бидејки е најголемиот фестивал, каде настапуваат најголемите светски имиња, а има и богата и долга традиција. Настап на еден таков фестивал, секогаш има едно посебно значење. Секогаш кога се настапува дома, уште повеќе му дава една тежина на сето тоа. Но, и целата атмосфера, акустиката, летото и сето тоа има посебна убавина“.

Колку години сте надвор од Македонија? Каде се’ настапувате, на кои сцени?

Хајди Елзесер: „Јас континуирано сум 24 години надвор. Пред тоа исто така студирав во Париз. Потоа се преселив во Германија, каде студирав постдипломски студии. И, таму останав и таму живеам. Имам настапувано во САД, Европа, Кина... Јас настапувам како солист, а последните десетина години сум многу посветена на современата музика. И, настапувам на фестивали за современа музика. Уште пред повеќе од десет години формирав и ансамбал за две пијана и ударни инструменти. Тоа е состав кој го смислил унгарскиот композитор Бела Барток, кој има напишано соната за таков состав. Јас многу често во мојот репертоар вметнувам и едно дело од македонски композитор“.

Многу често настапувате и со македонски оркестри и со други светски оркестри? Може ли да направите една паралела?

Хајди Елзесер: „Ние сме ретко талентирана музичка нација. Условите се друга работа. Нас природно многу не бидува за музика. Она што тука недостасува се условите. Добри инструменти, простории за проба. Не би правела споредба помеѓу Берлинската и нашата филхармонија, но би правела разлика на еден друг начин. Во Германија, Франција и Англија, најголем дел од оркестрите се интернационални. А, овде кај нас нашите оркестри се од наши луѓе, тука родени. На пример, францускиот оркестар кој снима и филмска музика, понекогаш и за многу добри познати филмови, целиот тој оркестар е составен од наши луѓе кои се врвни уметници. Значи нашиот потенцијал, овде е фантастичен и само треба подобри услови за работа“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG