Глас на Америка: Каква ситуација затекна таму?
Жежов: „Јас кога се повлекував од Кабул, таму беа веќе отпочнати демобилизациски планови, по однос на НАТО трупите и по однос на повеќе компании кои работат со НАТО или кои работат за други дипломатски претставништва. Веќе беа отпочнати некои демобилизациски планови“.
Глас на Америка: Имаше доста Македонци во Кабул. Што работеа тие таму?
Жежов: „Некаде околу 300-400 луѓе има таму, тие работеа логистички проекти, електричари, во кујна, но има и некои кои работат директно за НАТО, на такви позиции што самата работа има налага да примаат директни команди од одредени секции од НАТО, околу обезбедување на бази“.
Глас на Америка: Во контакт си со македонските граѓани таму. Што се случува? Каде се наоѓаат? Дали се на безбедно?
Жежов: „НАТО е голема организација и тие ништо не оставаат на случајност. Имаат доста добри демобилизациски планови. Исто така тие кои се затекнати во Кабул, имаат НАТО беџови, што значи дека директно одговара самиот НАТО и си има посебни протоколи по однос на тоа прашање. Веќе е отпочнато со демобилизација на тие луѓе. Меѓутоа исто така нашето МНР веќе е во контакт со тамошните луѓе. Мислам дека малку е задоцнета оваа демобилизација но дека се ќе биде во ред и дека луѓето ќе се вратат. Или во најмала рака ќе отидат во Дубаи или во Индија, па од таму ќе летаат наваму“.
Глас на Америка: Во контакт со еден Mакедонец во Кабул, кој не сакаше да зборува јавно, вели дека ситуацијата се уште е неизвесна и не се знае како ќе се вратат назад во земјава?
Жежов: „Нема ни да знаат. Во такви итни планови, се дава команда, спремете ги куферите и влегуваш во авион. Цивилни или комерцијални летови дефинитивно нема, бидејќи е таква ситуацијата. Тие планови си течат по тој терк. Српската амбасада која е одговорна за тој регион има испратено соопштение дека сите српски државјани кои се наоѓаат во Авганистан, вклучително и од Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, дека на одредени контакт телефони можат да се обратат по однос на евакуација од Кабул“.
Глас на Америка: Значи ситуацијата во Кабул е тешка, безбедносната состојба е лоша и се’ уште не се знае на кој начин македонските граѓани ќе се вратат назад?
Жежов: „Директно не, но јас верувам дека НАТО силите според нивните сопствени протоколи ќе обезбедат безбедна евакуација за интернационалните сили и дека ќе се вратат назад. Ситуацијата е абнормална и таква беше уште пред два три месеци, кога имаше наговестување за такви работи. Но, во зависност од работните позиции, кој ги следи, кој ги знае, навремено се мобилизираа. Таму има многу луѓе кои поседуваат големи компании. Не е така едноставно да направиш демобилизација и тоа си течеше уште пред два-три месеци. Требаше нашите да бидат информирани, дали од страна на МНР, дали од страна на други официјални лица за навремено да се вратат дома. Авганистанските власти полека почнаа да слабеат и тоа беше очекувано да дојде до ова што е сега“.
Глас на Америка: Колку македонски граѓани се заглавени во Кабул?
Жежов: „Мислам дека се околу 150-200. Јас работев на главниот аеродром во Кабул за силите на НАТО“.
Facebook Forum