Линкови за пристапност

Колку државата се грижи за македонскиот јазик?


Колку државата се грижи за македонскиот јазик?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

Македонскиот јазик се наоѓа во незавидна ситуација. Тоа не е само резултат на негирањето од страна на Бугарија, туку и на негрижата во самата земја.

„Пред една деценија ние воспоставивме една коректна врска со Бугарија, така да доста македонски книги се преведоа на бугарски. Дури и три мои. Коректно пишуваше, преведено од македонски јазик. Самата културна и литературна фела го признава македонскиот јазик. Во последниве неколку месеци дојде ново изненадување како шок акција врз нас“ вели Славе Ѓорѓо Димоски, поет.

Но, Димоски е загрижен за се посилната негаторска позиција на источниот сосед во однос на јазикот. Најболно е вели тврдењето дека македонскиот јазик е нотифициран дијалект на бугарскиот јазик со декрет од 1944 година.

„Не може јазик да се признае или да се регулира со датум и со година. Тоа може да се верификува само како литературен јазик. Јазикот мора да има корен. A исто така и во развојoт на македонскиот јазик веќе ние имаме некоја еволуција“.

Академик Катица Ќулавкова вели дека македонскиот јазик ги има поминато сите фази на развој како и многу други јазици со таа разлика што е меѓу најстарите јазици кои се во употреба.

„Наспроти бугарската теза која е поприлично осамена и изолирана, ние имаме став на меѓународните атласи на атласот на словенските јазици, на славистичките кругови дека македонскиот јазик е најлегитимен јазик во групата на словенски и јужно словенски јазици“ вели академик Катица Ќулавкова.

Бугарија не добива ништо со овој свој став додава Ќулавкова.

„Ние сега со Бугарите воопшто не треба да прифаќаме таков тип на преговори за јазикот, во рамки на политички инстанци и со политички дискурс. Јас се надевам дека цивилизирана Европа и светот ќе застанат на патот на ваквите апсурдни услови кои ги поставува Бугарија“ вели Академик Катица Ќулавкова

И двајцата сметаат дека за ситуацијата во која се наоѓа македонскиот јазик, причините треба да се бараат и дома. Државата велат треба да издвојува многу повеќе средства и да презема мерки за ширење на лекторатите и нивниот статус ширум светот.

„Давање грантови, за млади за да студираат и учат, подобрување на законските прописи. Тој е доведен во ситуација да е втор јазик или да е исфрлен од употреба. Нашата држава изделува многу малку средства, а тоа се одразува и на кадрите кои прифаќаат една таква дејност и мисија за македонската култура и јазик“.

„Гледаме дека доста наши медиуми посебно портали не го негуваат литературниот јазик. Кај учениците има тренд на слабо читање. Не е во ред ученик од трета-четврта година да не може да направи една посложена реченица. Државата треба да посвети посебно внимание на овој план“ вели Славе Ѓорѓо Димоски, поет.

Велат наместо за јазикот двата соседи, треба да разговараат за нешта што вистински ќе ги поврзува.

XS
SM
MD
LG