Линкови за пристапност

Остри реакции од Скопје до Лисабон за „северномакедонскиот јазик“


Остри реакции од Скопје до Лисабон за „северномакедонскиот јазик“
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:12 0:00

Остри реакции од Скопје до Лисабон за „северномакедонскиот јазик“

Остри реакции од Скопје до Лисабон откако државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш, на брифинг со новинари во Брисел, изјави дека „северномакедонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот јазик“. Шефот на државата, кој е во официјална посета на Хрватска – земја членка на Унијата, изјавата ја нарече „длабоко погрешна“.

„Од историчари кои се бават со политика полоши се само политичари кои се обидуваат да толкуваат историски епохи. Искрено жалам за длабоко погрешната изјава на португалската министерка која ги поткопа сите напори кои нејзиниот колега од португалската влада Да Силва ги правеше со месеци наназад за време на своето претседателство со ЕУ за на крајот да излезе со одличен и балансиран предлог кој водеше сметка за националните интереси и на С Македонија и на Бугарија. Добрата вест е што португалското претседателство заврши. Се надевам дека нашите пријатели од Словенија, која го презема претседавањето, ќе продолжат долж истата патека, со уважување на виталните интереси на двете страни“ изјави претседателот Стево Пендаровски.

Вицепремиерот за европски прашања, како и министерот за надворешни работи, вчера во неколку наврати контактирал со надлежните во Лисабон од каде добил уверување дека Португалија, која денеска го финишира претседавањето со ЕУ, не ја менува позицијата во однос на македонско-бугарскиот спор поради кој земјава не може да ги почне преговорите за членство.

„За мене ова беше прилично несреќна изјава. 17.10 Изјавата апсолутно не го отсликува ставот на Лисабон кој останува на линија на португалскиот предлог и беше искажено жалење“ рече вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Според Димитров, португалскиот предлог се потпира на предлог-преговарачката рамка што ја предложи Европската комисија - чиста формулација за македонскиот јазик, дополнета со унилатерална изјава на Бугарија во однос на нејзината позиција. Претседателот на Хрватска, една од земјите - најголеми поддржувачи на пристапувањето на Северна Македонија во Унијата, смета дека европски министри не смеат да си дозволат такви гафови. Мотивите на Бугарија, Милановиќ ги нарече опортунистички.

„Таа изјава од една министерка е пред се резултат на незнаење, но и невнимателност. Не сакам да бидам невнимателен и со моите изјави да и наштетам на Македонија. Тоа не е моја намера или желба. Да повлечам една аналогија кога станува збор за идентитетот и правото на сопствен идентитет што би се случило кога Хрватска би го довела во прашање црногорскиот или бошњачкиот јазик. Тие јазици постојат и станува збор за идентитетот на една држава и една заедница. Кога ќе влезете во интимниот простор на една држава и да зборувате за деликатни прашања како право на име, право на јазик, тоа никогаш не завршува добро, особено ако мотивите се опортунистички“ рече претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ.

Од утре претседавањето со Унијата го презема Словенија – членка која е за натамошно проширување, но и земја која добро ја познава сензитивноста на Балканот за идентитетските прашања. Но, за Љубљана да се вклучи во посредувањето прво треба Бугарија да одржи избори и да успее да формира политичка влада.

XS
SM
MD
LG