Линкови за пристапност

САД и Германија ќе преземат чекори против негирањето на Холокаустот


Соединетите Држави и Германија заедно ќе се борат против негирањето на Холокаустот и против антисемитизмот, активност која според државниот секретар Ентони Блинкен ќе „осигура дека сегашните и идните генерации ќе научат за и од Холокаустот“.

Зборувајќи во четвртокот пред Споменикот на убиените Евреи во Европа кој се наоѓа во Берлин, Блинкен рече дека негирањето на Холокаустот и антисемитизмот одат рака под рака со хомофобијата, ксенофобијата, расизмот и други форми на дискриминација и стануваат „обединувачки повик на оние кои сакаат да ги урнат нашите демократии“.

„Поради тоа ние мора да најдеме иновативни начини да ја заживееме историјата на Холокаустот, не само за да го разбереме минатото туку за да имаме насоки за сегашноста и иднината“ рече Блинкен.

Тој и германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас потпишаа документ за партнерство. Блинкен рече дека двете влади ќе работат на зајакнување на образованието и против негирањето, ќе им помогнат на младите луѓе да ги разберат Холокаустот и антисемитизмот.

„Овој дијалог ќе помогне да се сетиме дека се може да биде загубено, но исто така ќе ни помогне да видиме се што може да спасиме доколку, ако одбереме да се спротивставиме“ рече Блинкен.

Претходно, во четвртокот, Блинкен и либискиот преоден премиер Абдулхамид Дадаиба разговараа во Берлин на маргините на меѓународната конференција во чиј фокус е поддршката за транзиција на Либија кон стабилна власт.

„Многу сум задоволен што ве гледам, го гледам министерот за надворешни работи, делегацијата, особено по вчерашниот добар ден кој ја покажа силната поддршка од меѓународната заедница и Обединетите Нации за Либија да има силна, позитивна иднина како обединета, независна и стабилна земја без странско влијание“ рече Блинкен на почетокот на состанокот.

На конференцијата која се одржа во средата, а чии домаќини беа Германија и Обединетите Нации имаше претставници од 17 држави кои ја изразија својата силна поддршка за националните избори во Либија кои се закажани за крајот на декември.

XS
SM
MD
LG