Линкови за пристапност

Северна Кореја ја минимизираше можноста за разговори со Соединетите Држави


Северна Кореја во вторникот ја минимизираше можноста за разговори со Соединетите Држави, неколку дена откако лидерот Ким Џонг Ун навести можност за дијалог.

Ким Јо Џонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер, соопшти дека изгледа оти Соединетите Држави имаат „погрешни“ очекувања по последните коментари на нејзиниот брат.

„Изгледа дека САД ја толкуваат ситуацијата на начин на кој си бараат утеха. Очекувањата кои тие ги градат во погрешна насока може да ги доведат до поголемо разочарување“ наведува таа во соопштение пренесено од Корејската централна новинска агенција.

На состанок на владејачката партија минатата недела Ким Џонг Ун рече дека неговата земја мора да биде подготвена „за дијалог и конфронтација“.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Суливан, во неделата за телевизијата Еј Би Си изјави дека коментарите на Ким се „интересен сигнал“ но дека тој би сакал појасни знаци од Пјонгјанг. Тој исто така потенцираше дека Вашингтон сака да ги продолжи директните разговори за нуклеарната програма на Северна Кореја.

XS
SM
MD
LG