Линкови за пристапност

Бајден се извини оти ѝ се развика на новинарка за поставено прашање по средбата со Путин


Не требаше да бидам толку паметен со последниот одговор што го дадов, рече тој пред заминување од Женева

Претседателот на САД Џо Бајден се извини за грубиот однос кон новинарката на Си-Ен-Ен Кејтлин Колинс, која му постави прашање, откако заврши неговата прес-конференција по средбата со рускиот претседател вчера.

Колинс го праша Бајден зошто е сигурен оти Путин ќе го смени однесувањето, на што тој фрустрирачки ѝ одговори, бранејќи го неговиот став.

„Му должам извинување на последниот новинар што постави прашање, рече Бајден пред да се качи во авион за да замине од Женева, додавајќи дека „не требаше да бидам толку паметен со последниот одговор што го дадов“.

Претседателот Бајден вечра рече дека средбата со рускиот претседател Владимир Путин поминала позитивно, откако претходно и Путин го опиша состанокот како конструктивен.

„Ставив јасно до знаење дека ние нема да толерираме обиди за нарушување на нашиот демократски суверенитет, или дестабилизација на нашите демократски избори, и би возвратиле. Му кажав на претседателот Путин дека ние треба да имаме некои основни правила што сите ќе ги почитуваме“, рече Бајден.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG