Линкови за пристапност

Ниту Бајден, ниту Путин изгледаа дека имаат илузија за природата на нивниот однос, коментираат аналитичари во Европа


Ако требаше да се цени по односите меѓу американскиот и рускиот печат, тогаш двете држави имаат вистински проблем, анализираат европските медиуми

Претседателот на САД Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин останаа цивилни и внимателно љубезни пред почетокот на нивната средба во Женева, Швајцарија вчера. Американските и руските медиуми, пак, беа принудени да се туркаат за простор.

За некои европски весници тоа претставува соодветна метафора.

„Ако требаше да се цени по односите меѓу американскиот и рускиот печат, тогаш двете држави имаат вистински проблем. Додека Бајден и Путин седнаа во студена тишина, медиумите на нивните држави беа инволвирани во несоодветна борба меѓусебе“, пишува британскиот „Дејли телеграф“.

Во однос на говор на телото, лидерите едвај направија контакт со очи, велат диплматски набљудувачи, додавајќи дека и Бајден, и Путин во најголем дел гледале на друга страна.

Бајден седел исправен, Путин подгрбавен. Нивните одвоени прес-конференции по средбата, според набљудувачите, откриле големата дупка што ги дели.

Сепак, искусните европски политичари велат дека средбата САД-Русија била потребна Кремљ да не се сомнева во промената на Западот, откако Донлад Трамп ја напушти Белата куќа.

Сепак, некои во Европа се сомневаат дали ќе има промена во односите меѓу двете држави, како резултат на оваа средба.

„Ниту една страна не изгледаше дека имаа илузии за природата на нивната релација“, напиша „Дејли телеграф“.

Сепак, европските сојузници на Вашингтон се надеваат дека средбата ќе спречи барем натамошно влошување на односите со Русија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG