Линкови за пристапност

Европските законодавци дебатираат за спогодбата за Брегзит пред одлучувачкото гласање


(Брисел, 27 април, Ројтерс) Европските законодавци дебатираа за пост Брегзит трговската спогодба меѓу Европската Унија и Обединетото Кралство за последен пат пред гласањето со кое се очекува таа да помине со големо мнозинство.

Брегзит е неуспех на ЕУ и ние мора да научиме лекции од него
Мишел Барни, главен преговарач за Брегзит на ЕУ

Тоа би требало да биде последен чекор кон ратификација на договорот за трговија и соработка кој беше постигнат во декември по повеќе од четиригодишни преговори и намалена меѓусебна доверба откако Британија го прекина своето 47 годишно членство во ЕУ.

„Ова е развод. Ова е предупредување. Брегзит е неуспех на ЕУ и ние мора да научиме лекции од него“ рече главниот преговарач за Брегзит на ЕУ, Мишел Барние, пред законодавците кои му оддадоа признание со стоечка овација за неговата работа.

Спогодбата утврдена во последните денови од 2020-та имаше само преодна важност до крајот на април бидејќи се чекаше одобрување од Европскиот Парламент. Законодавците ќе гласаат доцна денеска, а исходот ќе биде соопштен утре наутро.

Нема сомнеж дека договорот ќе биде изгласан, откако парламентарните комисии го одобрија со 108 наспроти 1 глас. Доколку не помине односите меѓу ЕУ и Обединетото Кралство ќе се сведат на основите предвидени од Светската Трговска Организација, со квоти и акцизи.

Дури и со преодниот трговски договор, британскиот извоз во ЕУ падна за 47% во јануари и февруари а увозот беше намален за 20%, многу поголем пад од било кој друг трговски партнер на ЕУ.

Трговскиот договор обезбедува алатки за да се осигура неговото спроведување
Урсула фон дер Лајен, Претседателка на Европската Комисија

Сепак, постоеше сомнеж дали ќе се премине на гласање зашто Европскиот Парламент се спротивстави на одредени промени кои Велика Британија ги направи во трговските договори за Северна Ирска, потег за кој Брисел планира да покрене правна постапка.

Манфред Вебер, шеф на парламентарната група на централно-десничарската Европска народна партија, рече дека неговите колеги ќе го поддржат договорот, но дека се загрижени за неговата имплементација зашто не и веруваат на владата на британскиот премиер Борис Џонсон.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека трговскиот договор обезбедува алатки за да се осигура неговото спорведување, особено преку затворање до пристапот до пазарите.

„Да бидам јасна, ние не сакаме да мораме да ги употребиме тие алатки, но нема да се двоумиме да ги употребиме доколку тоа е потребно“ рече таа пред почетокот на дебатата.

Откако Парламентот ќе даде согласност, 27-те членки на ЕУ треба да го потврдат договорот. Унијата потоа ќе ја информира Велика Британија дека трговскиот договор официјално е ратификуван.

Законодавците исто така гласаат и за резолуција од 17 страници во која Бригзит се нарекува „историска грешка“.

Во текстот се вели дека Парламентот жали за ограничениот опфат на договорот во кој недостига соработка во надворешната политика или студентски размени, а се нотира и дека можностите на британската економија која во најголем дел се потпира на сервисната индустрија се „значително намалени“.

XS
SM
MD
LG