СКОПЈЕ –Тендер вреден една милијарда денари го има потписот на екс генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, ставен кусо време пред да си поднесе оставка од функцијата. Додека тој е во келија во истражнито затвор „Скопје“ во населбата Шуто Оризари, во јавноста исплувуваат детали документи за јавни набавки вреди стотици илјади евра кои тој ги одобрил.
Станува збор за софтвер за регионален развој тежок 600 илјади евра склучен со фирмата „Елан“ и договор за софтверски лиценци тежок речиси една милијарда со конзорциумот „Антионикс“ и „Крејон“ во кој биле исфрлени критериуми за погодност на апликатите склучен во август минатата година.
Софтверот за безбедност во сообраќајот кој го однесе во „Шутка“ заедно со директорот на фирмата „Инвока“, Даниел Станчев, не е единствен. Рашкоски и Станчев имале многу подлабока соработка.
Па така, исто така во август минатата година, Генералниот секретарјат и „Инвока“ склучуваат договор за одржување на електронскиот систем за државни испити во 13 институции вреден 150 илјади евра. Преку него се обезбедува системско одржување за државни тестирања за лиценци во шест министерства, во Катастарот, во сите државни инспекторати, во Царината, во Комисијата за хартии од вредност и во Академијата за судии и обвинители. Дел од институциите воопшто и немале потреба за одржување на системите.
Истрагата на надлежните е во тек, нема информации дали и кои од овие набавки е испитуваат а од друга страна пак се поставува прашањето дали во Владата има контролни механизми и кој внимава што прави генералниот секретар чии надлежности се широки и кој е задолжен за најголем дел од тендерите за Владата, Владиниот кабинет и Генералниот секретарјат.
Премиерот Заев уверува, контролни механизми има – обвинителството, антикорупциската комисија и државните институции.Тој го повтори ставот дека никој не е виновен или заштитен заради функцијата која ја извршува и повика да се причека на истрагата на Обвинителството.
„ Прв механизам е Државниот завод за ревизија. Втора е Антикорупциската комисија која ја има под моноторинг Владата во над 80 отсто од своето работење. И тоа треба да биде така и ги охрабрувам да продолжат така за да го направиме системот. На крајот се истражните органи – Јавното обвинителство и судовите. Сигурно има и други институции кои се надлежни“, рееч Заев.
Сепак Рашковски, барем за момент успеал да мине незабележано под радарот на институциите кои ги наброја премиерот
А колку се функцкционални контролните механизми останува да видиме, но доколку Антикорупциската комисија го имаше системот кој го чека веќе неколку години и со кој автоматски се дететктира промената на имотната состојба на функционерите, многу побрзо и полесно ќе се дознаеше дека Рашковски го префртлил целиот имот на своите малолетни деца.
Во рамките на истрагата, претсери беа извршени во канцелариите на „Инвока“ и во домовите и работните простории на Рашковски и Станчев. Во бирото на Рашковски, на Правниот факултет, истражителите го откриле софтверот со прашања за кандидатите за судии и обвинители од Академијата „Павел Шатев“. Токму затоа процесот е стопиран а директорката Наташа Габер Дамјановска сопшти дека веќе се бара друга фирма која ќе го одржува системот.
Премиерот Заев е дециден, иако софтверот бил кај Рашковски, немало местење при полагањето на испитите во Академијата за судии и обвинители.
„ Не се сомневам дека имало злоупотреби во Акадмијата. Системите се создадени да ги користат и управуваат самите институции. Така се издавањето на лиценци во Транспорт и врски, во Македонски пошти и во други институции системите се самоуправувачки и пред се тука се и комисиите“, рече Заев.
Под притисок на јавноста Рашковски попушти и поднесе неотповиклива оставна од функцијата секретар во Кабинетот на премиерот откако се дозна дека купил плац во околината на Скопје, имотот го префрлил на своите малолетни деца и вози луксузен џип чиј сопстве ик е хонорарец во Владата.
Два дена подоцна, минатиот петок, Рашковски беше уапсен и заедно директорот на „Инвока“ – Станчев и уште две лица спроведен во Кривичниот суд на распит. Обвинителството бараше притвор но судија на претходна постапка одлучи да му ја одреди поблагата мерка – куќен притвор. Завчера, жалбата на обвинителството беше прифатена и Рашковски спроведен во „Шутка“.
Facebook Forum