Линкови за пристапност

Македонско учество во грчки гасна централа и терминал


Македонско учество во грчки гасна централа и терминал
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:46 0:00

Македонско учество во грчки гасна централа и терминал

Приклучувањето на Северна Македонија во изградбата на гасната централа и терминал во Александропулис во Грција на земјава ќе и овозможи посигурна енергетска иднина, односно трајно и стабилно снабдување со природен гас. Неодамна беше потпишан договор со грчката страна, според кој земјава ќе партиципира со 25 % учество во гасната централа на природен гас и со 10% во гасниот терминал. Планот е до 2023 година истите да бидат пуштени во употреба.

„Сакам да ја изразам поддршката од САД, за развивање на новиот енергетски пазар и учеството на нашата земја во него. Северна Македонија повеќе нема да биде краен корисник на природен гас од само еден извор, туку ќе биде важна транзициска рута за природен гас во цела Југоисточна Европа, преку новите гасоводни интерконекции со нашиот сосед“ изјави премиерот Зоран Заев.

Силна поддршка од САД, земјава доби уште во октомври 2020 година, кога во Скопје беше помошникот државен секретар за енергетика и ресурси, Францис Фeнон.

„Овде е важно дали како земја, а тоа е она што ние сакаме да го направиме, а тоа енергетски хаб на Балканот. Не само енергетски хаб во смисла на спроведување на гас, туку и други извори на енергија, за да не треба да не зависите од еден извор. И тоа е клучното како стратешки се справуваш со ова прашање“ изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Но експертите имаат друго мислење.

„Таа треба да биде 800 мега вати, а ние да откупиме 200 мега вати за потребите на нашето електростопанство. Мојот личен став е дека тоа е и економски и финансиски погрешно решение. Затоа што инвестицијата во иста таква централа на две локации во Македонија, за истите пари, ќе обезбеди многу поевтини и подобри економски резултати“ вели Константин Димитров, Центар за енергетска ефикасност.

Димитров смета дека овој проект е финансиски осудена на неуспех, затоа што цената на течниот гас, во споредба со гасот кој доаѓа преку цевководите била значително повисока.

„Тој течен гас треба со бродови да се транспортира и тоа генерално од Америка. Но тоа е геостратешки и политички проблем. Притисок на Европа да се купува енергенс од Америка, а да се направи политички притисок врз Русија“ вели Димитров.

За земјава вели тој дека е најдобро да се приклучи што е можно побргу на т.н. европски гасовод ТАП, кој минува низ Грција.

„Основните проценки колку што нас ни се достапни се дека делот во Македонија ќе биде околу 50 милиони евра, да се изгради од Гевгелија до Неготино, бидејќи од Неготино имаме гасификациски систем. И таа помош од Америка од околу 17 милиони евра, јасно е добредојдена и доколку се вложи за изградба на овој систем“ објаснува Димитров.

Во моментот земјава добива гас од соседна Бугарија, но неговата искористеност е само 40%, поради немањето целосна гасна инфраструктура и дистрибутивни мрежи, кои се во тек на градба или се најавуваат дека ќе се градат. Професорот сугерира, напоредно со гасифицирањето да се изградат поголеми енергетски капацитети кои би биле големи потрошувачи, затоа што домаќинствата се мали и незначителни. За едно македонско домаќинство преминувањето на гас ќе биди скапа работа, кога 70% од нив се греат на дрва.

XS
SM
MD
LG