Еден од пет Американци, велат дека загубиле роднина или близок пријател од коронавирусот, истакнувајќи ја разликата меѓу болката и надежта во време кога нацијата со нетрпение очекува враќање на животот во нормала, една година од почетокот на пандемијата.
Ново истражување од Асошиејтед Прес и истражувачкиот Центар за јавни работи, илустрираше како е поставена перцепцијата во јавноста. Загриженоста во јавноста за вирусот опадна на најниско ниво од почетокот од есента, пред новогодишните и божиќни празници нагло да ги зголемат бројките на новозаразени.
Но, граѓаните, кои што се уште жалат по загубените животи, изразија фрустрација во време кога и натаму стравуваат да останат безбедни од Ковид-19.
„Немавме шанса да жалиме, како да се случи вчера. Се уште сме потресени“, изјави 60-годишната Нети Паркс од општината Волусиа, Флорида, чиј единствен брат починал од Ковид-19 минатиот април. Поради рестрикции за патување, Паркс и нејзините пет сестри и натаму не може да одржат Меморијал, за него.
Само околу 3 од 10 Американци се мошне загрижени за себе или член од семејството дека ќе бидат заразени од вирусот, што е пад од 4 на 10 Американци изминатите месеци. Сепак, мнозинството анкетирани и натаму велат дека се загрижени за сликата на теренот.
„Олеснети се мерките, а не би требало“, вели Паркс. „Луѓето ќе сфатат дека вирусот не е исчезнат целосно и оти пандемијата не е завршена“, оцени таа.
Повеќе од 527.000 Американци починаа од коронавирус само во САД, и таа бројка продолжува да расте.
Тешко е да се концептира вистинската опасност, ако немате лично искуство, вели д-р Луан Пан, шеф на Одделот за психијатрија при државниот Универзитет во Охајо.
А, за оние кои загубиле близок од семејството „стравот им е подлабоко навлезен во свеста“. Според д-р Пан, тие луѓе се попретпазливи кон повиците за повторно отворање на бизнисите и враќање на учениците во училишните клупи.