Полицискиот час трае од 22 часот навечер до 5 часот наутро и ќе биде на сила до 22 март.
Одлуката за забрана за движење ја донесе Владата вчера, на предлог на Комисијата за заразни болести, со надеж дека ќе се запре галопирачкиот раст на нови случаи и хоспотализации како последица на епидемијата на Ковид-19.
За време на полицискиот час може да се движат само оние лица кои имаат дозвола, кои треба да патуваат од скопскиот аеродром или кои имаат потреба од итна медицинска помош и нега.
Веднаш по стапувањето на сила на забраната за движење, министерот Оливер Спасовски излезе на терен за да види дали и колку се почитува мерката, посети неколку полициски пункта и им се заблагодари на полициските службеници. Спасоски најави прекршочни и кривични пријави за сите кои ќе бидат затекнати како не го почитуваат полицискиот час.
„Врз осонва на она што го видов при посетата на пунктовите, сите полициски службеници се на терен во спроведувањето на одлуката за полициски час.Знаеме дека ова е рестриктивна мерка кој никој не ја посакув но е неопходна мерка доколку сакаме да го прекинеме ланецот на ширењето на Ковид -19. Секако дека оваа мерка мора да биде во целост спроведена. Апелирам до граѓаните да ја почитуваат забараната за движење и да доприенсат во борбата против Ковид - 19, а за оние кои не почитуваат ќе има и прекршочни и кривични санкции. Оваа мерка важи на целата територија на државата и важи за секој граѓанин. Контролите се подеднакво на целата територија на државата. Не сакам да влегуваме во поделби“, рече Спасовски.
Полицискиот час последен пат беше на сила пред десет месеци.
Како изгледаше Скопје низ објективот на Гласот на Америка на македонски јазик погледнете во фото галеријата
Facebook Forum