Линкови за пристапност

Полицискиот час на сила, улиците празни

Неколку полициски возила, полициски службеници и по некој таксист се единствените кои може да се забележат на улиците во Скопје откако на сила стапи полицискиот час.Работат само аптеките и бензинските пумпи.

Полицискиот час трае од 22 часот навечер до 5 часот наутро и ќе биде на сила до 22 март.

Одлуката за забрана за движење ја донесе Владата вчера, на предлог на Комисијата за заразни болести, со надеж дека ќе се запре галопирачкиот раст на нови случаи и хоспотализации како последица на епидемијата на Ковид-19.
За време на полицискиот час може да се движат само оние лица кои имаат дозвола, кои треба да патуваат од скопскиот аеродром или кои имаат потреба од итна медицинска помош и нега.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG