Линкови за пристапност

Северна Македонија: Недозволиво е мешање на друга земја што е декларирано во Договорот за добрососедство со Бугарија


Северна Македонија: Недозволиво е мешање на друга земја
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

Од кабинетот на Пендаровски соопштуваат дека досега претседателот нема добиено ниту една информација за кршење на човековите слободи и права на македонски граѓани само затоа што ја декларирале својата етничка припадност

Скопје ја повикува Софија на внимателност при реагирањето на информации кои може да се покажат како неточни. Македонскиот државен врв – претседателот и премиерот денеска пратија остри пораки по средбата на шефот на бугарската држава Румен Радев со директорите на безбедносните служби на која побарал да се преземат „навремени мерки за соодветна заштита на правата на бугарските граѓани во странство кога тие се нападнати само поради нивната национална самосвест“.

Од кабинетот на Пендаровски соопштуваат дека досега претседателот нема добиено ниту една информација за кршење на човековите слободи и права на македонски граѓани само затоа што ја декларирале својата етничка припадност.

Крајно невообичаено и секако надвор од внатрешните процедури на Алијансата е претседател на една земја-членка на НАТО да ги повикува своите служби за безбедност да реагираат за наводно кршење на правата на граѓани во друга земја-членка на НАТО.
Став од Кабинетот на претседателот Пендаровски


„Крајно невообичаено и секако надвор од внатрешните процедури на Алијансата е претседател на една земја-членка на НАТО да ги повикува своите служби за безбедност да реагираат за наводно кршење на правата на граѓани во друга земја-членка на НАТО. Реакцијата на бугарскиот претседател е спротивна и на основниот принцип во меѓународната политика за немешање во внатрешните работи на друга држава“, е ставот на Пендаровски за овој настан.

За владата недозволиво е мешање на друга земја што е декларирано во Договорот за добрососедство.

Да не потпаѓаме под било какви инсинуации или неточни иформации. Ние сме земји членки на НАТО, ние сме сојузници не ни треба испраќање на не знам некакви разузнавачки служби, посебни служби да ги утврдат правата на граѓаните.
Заев, премиер на Северна Македонија


„Испраќам силна порака до соседна Бугарија, гледам дека претседателот Радев свикал состанок, да бидеме внимателни заради тоа што секогаш сме знаеле да дадеме одговор за било која нивна загриженост, како што и тие знаеле да дадат одговор на наша загриженост. Да не потпаѓаме под било какви инсинуации или неточни иформации. Ние сме земји членки на НАТО, ние сме сојузници не ни треба испраќање на не знам некакви разузнавачки служби, посебни служби да ги утврдат правата на граѓаните. Правата на граѓаните се светост во нашата земја, верувам и во Бугарија е така и треба за пример да ги решаваме ваквите проблеми.“, изјави Зоран Заев, премиер на Северна Македонија.

Повод за состанокот на Радев со шефовите на бугарските разузнавачки служби, според бугарските медиуми, е писмото што до државниот врв во Софија го пратил битолскиот културен центар „Иван Михајлов“. Во дописот се барало реакција поради, како што се тврдело, „зачесетни појави на нарушување на права на граѓани во Македонија затоа што се произнесувале како Бугари“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG