СКОПЈЕ - САД се разочарани од бугарското ветокое нанесе штета на повеќе нивоа а билатералниот спор треба се реши надвор од преговарачката рамка со Европската Унија (ЕУ).
„Ние сме многу разочарани што Бугарија одлучи да го блокира почетокот на преговорите. Во повеќе наврати го кажавме тоа. Сепак, го гледаме како позитивен знак тоа што Северна Македонија и Бугарија продолжуваат да расправаат за билатералните прашања да се стават надвор од процесот со цел напредок во тој поглед. Ние и понатаму ќе се залагаме и ќе даваме поддршка во насока тие прашања да останат настрана од процесот на пристапни преговори, бидејќи тоа ќе овозможи напредок. И понатаму ќе се залагаме, ќе се бориме и ќе ја поддржуваме Северна Македонија да ги почне преговорите за ЕУ, ќе продолжиме да застапуваме билатералните прашања да бидат надвор од преговорите “ изјави Кејт Мери Брнз амбасадор на САД во гостувањето на „Само интервју“.
Ветото на Бугарија предизвика сомнеж кај граѓаните во кредибилитетот на ЕУ и нејзината посветеност кон проширување но императив за дрѓавата се односите со ЕУ и НАТО.
Околу корупцијата во државата и историски најлошото рангирање на индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнл, Брнз смета има напори во борбата но тие не се доволни и процесот е бавен.
„Мислам дека перцепцијата е многу важна. Ако луѓето гледаат корупција, тогаш постои проблем. Ако е тоа нешто видливо со кое се борат секојдневно, мислам дека е важно да се обрне внимание. Кажавме дека Владата сноси одговорност и тоа е така, но не е само таа одговорна. Има повеќе чинители, институциите треба да ја одиграат својата улога“, рече амбасадорката Брнз.
Кога станува збор за пописот, САД очекуваат да биде изведен професионално а ќе се користи за собирање на прецизни податоци што ќе се користат за јавни политики но и привлекувањеинвестиции.
„Мило ми беше што Законот за попис на населението помина на Собрание и тоа со поддршка на дел од опозицијата. Во вашата земја не е извршен попис 20 години. Немањето точни податоци на населението го отежнува креирањето на авни политики. Од наша гледна точка важно е да се изврши попис и да се оди понатаму, како статистичка практика, а не политичка, но креаторите на политики располагаат со такви алатки“, рече Брнз.
Според амбасадорката, изборите се гласот на граѓаните и нивниот суд, но не се единственото решение за сите проблеми.
„Мислам дека треба да се потсетиме дека политичката стабилност произлегува од добра влада, а изборите се клучниот дел. Тие го изразуваат гласот на гласачите и нивниот суд, но не се единствениот елемент и не се решение за сите проблеми. За тоа се потребни силни институции, политички актери што ги почитуваат институциите, политички бирократии со кои управуваат институциите, како и слободно и независно судство што спроведува правда. Сите овие елементи заедно придонесуваат за силна и стабилна демократија, а така напредува општеството“, истакна Брнз и додаде дека евентуаниот консензус меѓу власта и опозицијата е важен но не секогаш е моно тоа да се случи.
Facebook Forum