На помалку од 24 часа до стартот на имунизацијата во Северна Македонија се вршат последните подготовки во Модуларната болница која се наоѓа до Инфективната клиника во скопскиот Клинички центар. Модуларната болница е првиот центар за вакцинација.
Вакцинацијата ќе почне во 10 часот, а први ќе се вакцинираат здравствените работници токму од Инфективна клиника во Скопје.
Пунктот во модуларната болница има 6 вакцинални позиции, ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствен дом Скопје.
Со донацијата на Србија од 4.680 дози од вакцината на „Фајзер“ ќе се вакцинираат здравствените работници кои се на првата борбена линија и работат со пациентите заболени од Ковид -19“

Facebook Forum