Историскиот, втор, судски процес за импичмент на поранешниот претседател Доналд Трамп почнува денеска во американскиот Сенат. Трамп се обвинува дека го поттикнал насилниот упад во Конгресот пред еден месец, со повикување на неговите приврзаници да ги соочат законодавците во време кога се одржуваше седница за потврдување на мандатот на демократот Џо Бајден, кој го порази Трамп на изборите 2020-та.
Протестите, се претворија во насилни, и околу 800 поддржувачи на Трамп ги разбија полицајците пред Капитолот, уништија врати и прозорци, вандализира конгресни канцеларии и се судрија со обезбедувањето. Пет лица починаа, вклучувајќи и полицаец од Капитол хил, чија смрт е под истрага како убиство откако насилник стрелал врз него.
100 сенатори, по 50, од редовите на демократите и републиканците, ќе ги слушнат аргументите за отповикување на функцијата на поранешниот претседател – многумина од нив и самите беа сведоци на немилиот настан на 6-ти јануари, кога беа принудени да се евакуираат од полицијата.
Со неопходните две – третини од гласањето, за да биде обвинет Трамп, 17 републиканци треба да се свртат против него, со претпоставка дека сите 50 демократи ќе гласаат да биде обвинет.
Независно од исходот, Трамп е единствениот претседател во повеќе од два века на американската историја, кој е отповикан на функцијата – два пати.
Една недела по насилниот упад во Конгресот, Претставничкиот дом гласаше 232 ЗА и 197 Против, со што 10 републиканци им се придружија на демократските колеги, и го обвинија Трамп за „поттикнување на насилниот упад“.
Поранешниот претседател го одби барањето од демократите да сведочи во Сенатот, и не се очекува да присуствува на расправата.
Судскиот процес би можел да трае најмалку една недела.
Facebook Forum