Линкови за пристапност

Доналд Трамп се откажа од членството во Американска федерација на телевизиски уметници


(Њујорк, АП) Доналд Трамп се откажа од членството во Американска федерација на телевизиски и радио уметници (АФТРА), којашто всушност, претходно и навести дека ќе го исфрли поради неговата „улога“ во упадот во Конгресот.

„Повеќе не сакам да бидам поврзан со Вашиот синдикат. Пишувам за да Ве известам за моето неодложно заминување. Вие не сторивте ништо за мене“, наведува Трамп во писмото до Гејбриел Каретрис, претседател на здружението.

Одговорот на Федерацијата беше краток: „Ви благодариме“.

Доналд Трамп беше член на здружението од 1989 година.

Раководството на Федерацијата минатиот месец зазеде став дека Трамп ги прекршил принципите на членство со неговиот удел во упадот на Конгресот на 6-ти јануари. Имено, тој „спроведе неразумна кампања за дезинформација насочена кон дискредитација и, на крај – загрозување на животот на новинари, од коишто многумина се и наши членови“, како што се вели во образложението.

Trump's case was to be weighed by a disciplinary committee. In his letter, the former president said he had no interest in such a hearing. "Who cares?" he wrote.

„Не ми е позната вашата работа, но јас сум особено горд на својата работа на филмовите како Сам дома 2, Зулендер, Вол Стрит - парите никогаш не спијат и телевизиските серии како Принцот од Бел Ер, Во живо во сабота навечер и секако едно од најуспешните шоуа во историјата на телевизијата, The Apprentice (Изборот на Доналд Трамп)“ се наведува во писмото од поранешниот претседател.

XS
SM
MD
LG